Пишува: ДРАГАН МИШЕВ/ЦИВИЛ МЕДИА
Руските воздухопловни сили ги гаѓаат украинските сили и украиските насекени места и критичната инфраструктура со дури 3.000 лизгачки бомби КАБ секој месец, додека нивните копнени сили напредуваат, иако безначително, на неколку сектори на линијата на фронтот во источна Украина во офанзивата што ја презеде Москва за да ја максимализира предноста во оружје, опрема и воен персонал над Украинците.
Во недостиг на доволни количини оружје и муниција на фронтот и доцнење на ветената западна помош, украинските вооружени сили беа принудени на отстапки и ограничени воени операции, и да се свртат кон герилски акции со ангажирање на украинските саботери кои напорно работат длабоко зад руските линии на еродирање на руските воени капацитети и, најважно, ја удираат Москва таму каде што најмногу боли – внатре во нејзините граници, уништувајќи критична инфраструктура неопходна за снабдување на руската воена машинерија ангажирана во агресивната војна во Украина, што е јасен пример за стратегија што се развива, дизајнирана да му наштети на Путин опседнат со безбедноста и да ја деградира способноста на Москва да води војна.
Затоа, во саботата, Украинците лансираа десетици беспилотни летала со долг дострел кон воздухопловната база во јужна Русија – и разнесоа магацин полн со комплети КАБ.
Русите наполнија магацин со моќни комплети лизгачки бомби, налетаа украински дронови и го дигнаа во воздух
Видео и сателитски снимки од последиците од нападот на воздухопловната база Кушчовска, 120 милји од линијата на фронтот во јужна Украина, прикажуваат изгорени згради и купишта уништени КАБ. Според Форбс, сликите одозгора сугерираат и уништување на најмалку еден ловец-бомбардер Сухој Су-34 – главниот носач на КАБ на руските воздухопловни сили.
Сепак, ќе биде потребно многу повеќе од еден напад на една база во која е сместен магацин полн со лизгачки бомби за да се постигне барем рамнотежа на огнената моќ во руско-украинската војна, но, вреди да се напомене дека Украинците, во услови на недостиг на соодветно вооружување и муниција, барем се обидуваат да ја нарушат основната инфраструктура на руската кампања за бомбардирање.
„Способноста на Украина да го наруши рускиот тактички воздух, особено употребата на глејд-бомби, е клучна за пошироката одбрана на линијата на фронтот“, објасни британското Министерство за одбрана.
Од средината на минатата година, ракетите КАБ се примарна воздушна муниција на руските воздухопловни сили. Откако ќе се склопи, секој КАБ пакува стотици килограми експлозив – доволно за да се ископа кратер длабок десетици метри. „Сите згради и објекти едноставно се претвораат во јама по пристигнувањето на само еден КАБ“, напиша Егор Шугар, војник од украинската 3-та јуришна бригада.
КАБ е „чудесното оружје“ за Русите, забележа украинската група за анализа „Дип Стејт“. Украинците „практично немаат контрамерки“, освен, можеби, да ги разнесат магацините каде што Русите ги складираат бомбите пред да ги наполнат по четири на нивните Су-34.
Не е јасно кои точно беспилотни летала ги испратиле Украинците на Кушчовскаја. Имаат неколку опции, вклучително поранешни советски шпионски дронови со боеви глави на местото на нивните камери, модифицирани хоби дронови кои пакуваат килограми ТНТ и спортски авиони без пилоти со бомби под трупот.
Со кое и да е беспилотно летало да ја погодија Кушчовскаја, тоа го направија во огромен број. Нападот викендов беше еден од најголемите во 27-месечна сеопфатна војна на Русија против Украина. Кремљ тврди дека неговите војници собориле 66 беспилотни летала, „илустрирајќи го обемот на рацијата“, истакна Министерството во Лондон.
Меѓутоа, Русите не го соборија секое беспилотно летало. Најмалку еден од нив ја погоди веројатно главната цел на рацијата: магацинот полн со КАБ. Уништувајќи потенцијално голем број глајд бомби, украинските оператори со беспилотни летала можеби им дадоа на некои од своите другари на линијата на фронтот кратко одложување – еден ден или нешто повеќе – од руската кампања за бомбардирање со глад бомби.
Сепак, ќе бидат потребни уште многу напади на многу повеќе бази за значително да се ограничат бомбардирањата на подолг рок. И останува отворено прашањето дали планерите во Кијив ќе ја додадат инфраструктурата КАБ на списокот со повторени цели за ударните беспилотни летала на Украина. Истите тие беспилотни летала веќе се насочени кон руските нафтени рафинерии и фабрики за оружје.
Големото неодговорено прашање е колку дронови со долг дострел може да произведе Украина. Михаило Федоров, кој ги надгледува високотехнолошките воени индустрии во Украина, неодамна изјави за Ројтерс дека има 10 компании кои произведуваат илјадници беспилотни летала со долг дострел годишно – потенцијално доволно за неделни рации од размерите на нападот Кушчовска.
Но, производството на дронови може да се прошири. Ќе се бориме уште повеќе да го зголемиме финансирањето“, рече Федоров.
Како што пишуваше предходно ЦИВИЛ Медиа, во недостиг на доволни количини оружје и муниција на фронтот, Украинците со беспилотни летала трагетираат цели длабоко зад руските линии во обид да го намалат рускиот воен капацитет, уништувајќи ја руската транспортна и енергетска инфраструктура обидувајќи се да предизвикаат уништување и намалувања на сè поранливите и изложени критични линии за снабдување на уската агресорска војска.
Во очекување да пристигне одобрената американската воена помош и друго адекватно оружје и муниција од западните сојузници, пред се ракети со долг дострел, Кијив се потпира на герилски операции во стилот на SAS-во Втората светска војна, за да ја направи разликата на бојното поле, таргетирајќи ги железничките мрежи, инфраструктурата и енергетските складишта, магацини за нафта и гас – цели длабоко во руска терирорија како и бродовите на руската црноморска флота и пристаништата, воените базите и камповите за обука на руската војска во привремено окупираните региони на Украина, обидувајќи се да предизвика уништување и намалувања на сè поранливите и изложени критични линии за снабдување на Русија.
Наскоро, кога дроновите ќе бидат надополнети со ветените американски и британски ракети со долг дострел, со новата стратегија Украинците ќе можат да возвратат на руските напади со иста мера.
Новите американски ATACMS со долг дострел може да се покажат како клучни за Украина
Украинските сили збришаа повеќе од 100 руски војници со новите американски ракети со долг дострел ATACMS, кои со предходните ракети АТАКМС со помал дострел би биле надвор од дофатот на украинските ракети. Според аналитичарите на OSINT, во нападот биле искористени четири ATACMS.
Во украинскиот ракетен напад со долг дострел ATACMS загинаа повеќе од 100 руски војници во окупиран регион на 50 милји од линијата на фронтот, според OSINT и воени аналитичари.
Според проценката на Институтот за проучување на војната (ISW) Украинските сили гаѓаа руска воена област за обука на околу 50 милји зад линијата на фронтот во окупираната Луханска област во источна Украина,
Според две воздушни геолокацирани видеа објавени во средата од X корисникот Osinttechnical, сметка поврзана со Центарот за поморски анализи, Украина се чини дека извршила напад во областа за обука со три тактички балистички ракети M39 ATACMS испорачани од САД.
„Осинттехникал“ соопшти дека најмалку еден од проектилите погодил собир на повеќе од 100 руски војници, при што врз нив паднале стотици бомби М74 АПАМ.
Проектот за геолокација со отворен код GeoConfirmed рече дека во нападот биле користени четири ATACMS, а локацијата е селото Рохове во источна Украина. Еден од неговите доброволци сподели снимка на Х, велејќи дека четирите удари се случиле во рок од една минута.
Пријавениот напад доаѓа откако САД тајно испратија околу 100 армиски тактички ракетни системи, или ATACMS, во Украина минатиот месец, според Њујорк Тајмс.
САД претходно испратија ATACMS со пократок дострел во Украина, но верзиите испратени неодамна можат да патуваат околу 190 милји – што става цели со поголема вредност на нишан на Украина.
Како што пренесува Бизнис инсајдер, украинските војници веќе ги користеа новите АТАСМЅ за напад врз руски воен аеродром на Крим во средината на април. Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека нападот бил насочен кон воената база Џанкој на северот на Крим, уништувајќи или критично оштетувајќи четири фрлачи С-400, три радарски станици, опрема за воздушна одбрана и опрема за надгледување на воздушниот простор.
Поголемиот дострел ATACMS може да се покаже како клучен за Украина, бидејќи може да патува околу 190 милји и да погоди цели со поголема вредност на места како Крим, кој е окупиран од Русија од 2014 година.
Филип Карбер, воен аналитичар со експертиза за Украина, оваа недела изјави за Радио Слободна Европа дека ATACMS со долг дострел има потенцијал „во основа да ја направи руската војска на Крим безвредна“. САД минатата есен испратија на Украина ATACMS со помал дострел, што и овозможи на Украина да уништи руски хеликоптери и аеродроми на окупираните територии, но без можност да таргетира подалечни цели.
Украина може да напаѓа цели во Русија со британско оружје
Украина има „право“ да користи оружје испорачано од Британија за да ја нападне Русија на своја територија, изјави министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон за време на патувањето во Кијив.
Во интервју за Ројтерс, Камерон рече дека Украина треба да одлучи како ќе го користи оружјето добиено од Обединетото Кралство.
„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, можете сосема да разберете зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека се брани“, одговори Камерон на прашањето дали тоа вклучува и цели во Русија.
Од почетокот на војната, западните партнери на Украина му поставија еден услов на Кијив да продолжи да доаѓа воена помош – не напаѓајте во Русија. Но, сојузничките земји, вклучувајќи ги Финска и Летонија, оттогаш рекоа дека го поддржуваат правото на Украина да користи оружје што го обезбедија за да се брани, вклучително и напади во Русија.
Поранешниот британски премиер кој се врати на првата линија на политиката кон крајот на минатата година, зборуваше на своето второ патување во Кијив откако ја презеде функцијата, кое доаѓа една недела откако Обединетото Кралство го објави својот досега најголем пакет воена помош за Украина. Во натамошното укажување на поддршка, Камерон вети 3 милијарди фунти годишна воена помош за Украина за „колку што е потребно“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Камерон за поддршката, но, истовремено ја истакна важноста што е можно поскоро да се испорача оружјето од новиот пакет помош во Украина, пред сè, оклопни возила, муниција и проектили од различни типови за да можат Украинците соодветно да се спротивстават на офанзива која ја покрена военото раководство од Кремљ за да го искористи недостатокот од оружје и муниција со кои се соочи Кијив, и да ја пренасочи плимата на војната во своја корист. А ако е според народната „по утрото денот се познава“, стратегијата со удари врз критични цели длабоко зад линијата на фронтот на руска територија со украинските беспилотни летала и ракетите со долг дострел кои веќе почнаа да пристигнуваат како дел од западната помош за Украина, наскоро ќе се покаже како клучна за одбраната на Украина.
Текстот е личен став на Авторот.