ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното

May 14, 2024 13:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Photo Credits; ANA-MPA

Photo Credits; ANA-MPA

Share on FacebookShare on Twitter

Сите сфаќаме дека новото раководство на Северна Македонија може идеолошки да има поразлично мислење, но постојат прашања што се и над нивната волја. Не се работи за прашање на самоопределување на функционерите, политичарите, ова сите го сфаќаме, туку се работи за почитување на договореното, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, посочувајќи дека тие бараат целосно усогласување со Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија порача дека „од моментот кога еден меѓународен договор се ратификува од Парламентите стекнува моќ повисока од законите и никоја од двете страни не може еднострано да го ревидира“ и дури и да не се согласува со она што е вклучено во договорот, „мора да го спроведува“.

-Името Република Северна Македонија во Договорот од Преспа, согласно член 20, не може под никоја околност да се измени. Прашањето за името не е од оние прашања што може да се изменат, дури ни со заемна согласност. Па така, никаде не се покренува прашање за измена. Онака како што е договорено од двете страни и е ратификувано, ги обврзува и денешниот грчки политики поредок и политичкиот поредок на Северна Македонија, објасни Герапетритис.

За можноста Грција да стави вето на европската перспектива на земјава, шефот на грчката дипломатија објасни дека ветото е „институционално право на земјите членки на ЕУ“ и повтори дека почитувањето на Договорот од Преспа е предуслов за напредок кон Унијата.

-За Северна Македонија, доследното спроведување на Договорот од Преспа, претставува јасен предуслов за нејзиниот интегративен тек, односно претставува предуслов за напредок на интегративните процеси, рече шефот на грчката дипломатија и додаде дека тие одблиску ги следат случувањата.

Се осврна и на, како што рече, брзата реакција и на Грција и на ЕУ и откри дека на иницијатива на грчкото МНР веднаш биле информирани европските власти, односно дека „постои координирана реакција во правец на усогласување“.

Во утринското интервју за државната телевизија ЕРТ, Герапетритис неколкупати повтори дека бараат „усогласување со Договорот од Преспа и од другата страна“, уште еднаш објасни дека иако ставот на Нова демократија како опозиција беше поразличен, сега како Влада „во рамките на континуитетот на државата и на уставниот мандат дека не може која било Влада еднострано да ревидира договори“, тие го спроведуваат.

За трите меморандуми што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, посочи дека последните случувања ја оправдуваат нивната политика и додаде дека ратификацијата зависи од целосното усогласување со договореното.

-Ние ќе ги донесеме во Парламентот кога ќе постои клучното политичко време, односно кога ќе биде убедена грчката страна дека постои целосно усогласување. Сите знаеме дека постојат точки за кои соседната земја не се има усогласено, рече шефот на грчката дипломатија.

Tags: ГерапетритисПреспански договор
Next Post

Што предвидува Преспанскиот договор за употребата на уставното име Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk