ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВЛЕН слави, а од Европски фронт ќе се борат за секој глас

May 23, 2024 15:34
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од вчерашното прегласување во шестата и петтата изборна единица, парламентарниот состав избран на 8 мај ќе се менува во корист на коалицијата ВЛЕН.

Според Државната изборна комисија која по прегласувањето во 7 избирачки местa, го соопшти распоредот на пратеничките мандати. Коалицијата ВЛЕН добива еден мандат повеќе во шестката, на сметка на Европскиот фронт, а во 5-та изборна единица состојбата со пратенички мандати останува непроменета.

„Во изборната единица 6, коалиција ‘Европски фронт’ има освоено вкупно 53 731 глас, односно осум мандати, а коалицијата ‘Вреди’ 47 849 гласа или осум мандати“, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во ИЕ 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74.287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27.278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26.668 гласови или три мандати, Левица има 9.850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10.793 еден мандат и ЗНАМ 8.671 или еден мандат.

Двете коалиции, ВЛЕН и Европскиот фронт во „шестката“ сега ќе имаат по 8 пратеници, а коалицијата ВЛЕН ќе има 14 пратеници, додека Европскиот фронт 18 пратеници.

Касами: Ларце докажа слобода, демократија…

Во село Ларце синоќа се славеше за добиениот пратеник. Симпатизерите на ВЛЕН оваа победа ја прославија со оро и тапани.

Градоначалникот на општина Тетово, истовремено и носител на листата во шестата ИЕ, преку социјалните мрежи порача дека Ларце е сведок на слободата, демократијата и непотклекнувањето.

„Мултиетничкиот фронт сакаше со изманипулирани гласови да ја отуѓи волјата на граѓаните. И сега Албанците им порачуваат на оние кои се декларираа како „боксери“ во политиката, нека го фрлат белиот пешкир затоа што народот ги легна на под“, напиша Касами.

Адеми: Го забетониравме четвртиот пратеник во петтката

Од друга страна, довчерашниот пратеник на  ДУИ, Арбер Адеми, исто така преку социјалните мрежи порача дека во „петтката“ го забетонирале четвртиот пратеник,  а во „шестката“ќе ја продолжат битката за секој глас.

“Во петтата изборна единица на избирачките места каде имаше прегласување, на 8 мај, Европскиот фронт 373, додека ВЛЕН 339! На 22 мај, Европскиот фронт 638, додека ВЛЕН 65! Европскиот фронт го потврди четвртиот пратеник! Нема ниту непринципиелно сојузништво, ниту изборен инженеринг што може да го поткопа легитимитетот! Во шестата изборна единица ја продолжуваме битката за заштита на секој глас на граѓанинот и легитимитетот на суверенот!“, напиша Адеми.

Државната изборна комисија го поништи гласањето на седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани.

ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места. Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,   ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и` се одземат две освоени пратенички места. Државната изборна комисија пред неколку дена ги додели Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

Н. Абдурахмани /  Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk