ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на УКИМ: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

May 24, 2024 10:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Талат Џафери, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, проф.д-р Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните.

– Во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на Вас, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти на универзитетот. Денешниот двоен празник, повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Северна Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј, се вели во честитката од Џафери.

Затоа што, посочува Џафери, како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврста вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“.

-Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост.  И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели. Како генерации на денешнината и посебно последниве неколку години, успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија и се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам, нагласува Џафери.

На вас е, продолжува во честитката Џафери, со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови на современа и европска Република Северна Македонија.

-Честит и вековит нека е 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје!“,  напиша премиерот Џафери во честитката до ректорката Ангелова.

Tags: 24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите Кирил и МетодијТалат Џафери
Next Post

Почина Мимоза Несторова Томиќ

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk