Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Се заплетка со Северна на заклетвата, се доплетка со венецот во Рим и ниту ваму ниту таму, угоре високо, удолу длабоко па сега ѝ останува бргу да се престрои зашто бар на темата е ука и би требала да знае дека правото и правдата ги има во книгите ама и дека правото и поравдата ги нема во политиките и белким веќе разбра дека со инает политика не се води маалска, а камо ли државна па затоа, кажано во една реченица, ајде сега малку рикверц, не многу, малку назад колку до заклетвата и ајде изуст од типот, на пример, „Се извинувам, се враќам на фактите академски зашто пред фактите, нели, и боговите …..”, ете, просто, малку ќе боли но кога ќе си закашкаш тоа е, гордо ама не баш.