На официјалната Фејсбук страница од МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, објавено е кратко видео за улогата на костимографијата во една театарска претстава.
Каква е улогата на костимографијата во една театарска претстава? Каква може таа да биде?
Текст: Милош Б. Андоновски
Лектор: Тодорка Балова
Чита: Ангела Стојановска
Визуелен дизајн: Катерина Димовска
Анимација: Михаил Наумов
Монтажа: Кирил Манчевски
Музика: ИСКРА
Фотографиите се дел од архивата на театролошката дата-база на ФДУ – Скопје.
Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на Фестивалот, соопшти уметничката директорка Ана Стојаноска.
На свеченото затворање ќе се доделат годинешните награди, по што следи Концерт на „Добрила и Дориан дуо“.
Комплетната Програма на театарскиот фестивал 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп, ТУКА.