ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бундалески: Спиев 48 дена на земја, немаше каде, само што дојде некој поважен од мене и пак ме избркаа на земја

Само што стигнавме слушаме на радио врска на специјалците како некој вика, вратете ги внатре, не е стигната камерата. Не вратија и свртеа еден круг, за да чекаме да дојде камерата на МВР. Лага. Се проектира тоа на сите телевизија, пресумпција на невиност никаква. Во Шутка 4 часа бев врзан со лисици и чекам да ми најдат простор каде да влезам. Спиев 48 дена на земја, немаше каде, само што дојде некој поважен од мене и пак ме избркаа на земја. Собите се далеку од човечки, одредени периоди, мислев дека животните ќе имаат подобар третман од луѓето

March 11, 2020 15:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Бундалески, сведок од случајот „Змиско око“, зборуваше на панелот на ЦИВИЛ, „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, за мачниот период кој го поминал пред 13 години и трае сè уште за него.

„Влегуваат кај мене со автомати, покрај 9 годишно дете, влегуваат во спалната каде што спие, и ме бараат мене. Му велам на инспекторот што треба да направам, дали да дојдам во полициска станица, не знам што да направам. Се јавив кај пријател адвокат, ми вели да не одам сам, пиевме кафе, тргнавме во полициска станица во Автокоманда, излегувам од кола а од другата страна ме чекаат специјалци, се стрчаа и ми ги ставаат лисиците. Ме качија во поголема соба, таму веќе 30 и нешто луѓе и цело време носат луѓе, не знаеш дали е трагично или комично, почнавме да галамиме, што е проблемот и на двајца по двајца ни ставаа лисици, не знаеме каде не носат“, вели тој.

„Ме однесоа на Бит пазар, дојде истиот инспектор ме праша што имам да изјавам за настанот, а надвородно сум обинет за период од 6 месеци. Прво не симнаа во келии во подруми, утрото не носат пред Истражен. Само што стигнавме слушаме на радио врска на специјалците како некој вика, вратете ги внатре, не е стигната камерата. Не вратија и свртеа еден круг, за да чекаме да дојде камерата на МВР. Лага. Се проектира тоа на сите телевизија, пресумпција на невиност никаква. Во Шутка 4 часа бев врзан со лисици и чекам да ми најдат простор каде да влезам. Спиев 48 дена на земја, немаше каде, само што дојде некој поважен од мене и пак ме избркаа на земја. Собите се далеку од човечки, одредени периоди, мислев дека животните ќе имаат подобар третман од луѓето“, вели тој.

Бундалески вели дека мора државата да си направи реформи во правосудниот систем, дека тие во последните 13 год финансиски биле доведени до просјачки стап и дека веќе немаат ни пари за адвокати.

„После тешка борба благодарение на сегашната министерка за правда ние добивме документ кој ни дава светла точка во тунелот каде се потврдува дека лицето Борис Арсов дека е лажен сведок и лажно се претставувал.  Дел од обвинетите, ја тужевме државата, патешествие низ Врховен суд, кај нас одлучуваше три години, иако требаше за 6 месеци, добивме од Стразбур, се надевам дека апелација нема да потклекне на какви било притисоци. Го изгубив семејството, татко ми, мајка ми, сестра ми, се што асоцира на претходната власт ме тера да бидам страшно агресивно, на улица сум ги плукал, не е во ред, ама ми го уништија животот. Мора да се нафати некој тоа да го смениме. Надежта постои, државата ќе ја добиеме секако, не ми е јасно зошто се уште се судиме, кога знаат дека ќе изгубат во Стразбур и да ги направат помали штетите“, сведочи тој.

А. Петровска / ЦИВИЛ

Next Post

МТСП: Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk