Партнерството меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН може да биде одржливо затоа што ги има бројките. Но на албанската коалиција во овој состав нема да ѝ биде лесно поради апсолутната победа на ВМРО-ДПМНЕ која природно ќе има поголема моќ.
Ова е заклучокот на познавачите на политичките збиднувања во државата, зборувајќи за претстојната Влада на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
– ВМРО-ДПМНЕ во овој мандат ќе ја има главната улога, додека ВЛЕН и покрај постигнатиот договор за совладеење мора да биде многу внимателен и програмски и кадровски, бидејќи ќе биде меѓу два „огна“. Нејзината работа ќе се контролира преку коалициониот партнер, а ќе се види колку простор за дејствување ќе има за да не ја стави пред актот за распад на коалицијата. Од друга страна секогаш ќе го имаaт Европскиот фронт пред себе како сенка која нема да стои со скрстени раце. Тоа е влада што е создадена како што е создадена, ќе ги има бројките, но дали ќе има стабилност и поле на дејствување? Преставниците на Албанците не мора да се диктираат само заради тоа што е во владата. Значи мора да има црвени линии, вели Урим Салиу – политички аналитичар за Фронтлајн.
Политичкиот аналитичар Дритон Зенку наведува дека новата владина коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ своите почетоци на соработка ги има многу порано од соработката на локално ниво во Тетово, Гостивар, Куманово и уште неколку други општини.
– ЗНАМ и Алтернатива владеат во Куманово, БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ во Тетово и ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците во Гостивар. Владината коалиција не е случајна, туку „дизајнирана“ 3 и повеќе години. Врз основа на оваа историја на соработка, не се очекува политички ќор-сокак меѓу владините партнери. Во рамките на албанскиот политички блок ВЛЕН, но и со македонскиот блок ВМРО-ЗНАМ, може да се очекуваат триење и доколку тоа се случи, може да се појават разлики, изјави Зенку за „Фронтлајн“.
Свежи, додава тој, се предизборните изјави на коалицијата што денеска се официјализира. Де факто, нагласи нашиот соговорник, постои соработка од одамна и сега има само форма на официjализација.
– Владеењето СДСМ – ДУИ ќе остане единствен случај каде што поради бројките и промената на раководството во СДСМ, ДУИ имаше одлучувачко влијание и поширока моќ. Оваа ситуација ќе треба долго време за да се повтори. Во кадровските селекции, впечаток оставаат лидерите, почнувајќи од Мицковски, Гаши, Меџито и Таравари, подвлече тој.
ВЛЕН идната влада ќе има 2 вицепремиери, 5 министерства со ресор, 7 заменици министри и 5 државни секретари и тоа прв вицепремиер, вицепремиер за добро владеење, министерство за здравство, министерство. за економија и труд, Министерството за екологија, социјални политики и Министерството за евроинтеграции – кое досега беше министерство без ресор, а со реорганизацијата ќе има сопствен буџет.
ВЛЕН се очекува да ги води и МЕПСО, Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за странски инвестиции, енергетските ресурси, Филхармонијата, Поштата на Македонија, Фондот за осигурување на депозити и уште неколку дирекции.
Дестан Јонузи
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА.