„Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси“ – е тема панел-дискусијата на Институтот за медиуми и аналитика ИМА, која се одржува утре (11.06. 2024, вторник) во Europe House во Скопје, со почеток во 12 часот.
На панел – дискусијата ќе говорат: проф. д-р Мирјана Малеска – универзитетски професор по политички науки, проф. д-р Сефер Тахири – универзитетски професор по новинарство и комуникациски науки, и Жарко Трајаноски – раководител на истражувања во ИМА, кои ќе ги претстават анализите што се дел од публикацијата на ИМА за оваа тема.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.
Р.С / СМК.мк