ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Невремето во Скопје предизвика прекин на електричната енергија во Собранието, дадена пауза на собраниската седница за избор на новата влада

June 23, 2024 19:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците попладнево ја продолжија расправата за новата влада, која треба да биде избрана најдоцна до полноќ, но седницата беше прекината поради прекин со напојување со електрична енергија поради невремето во Скопје. Од Собранието велат дека седницата ќе продолжи откако ќе се надминат техничките проблеми предизвикани од невремето.

Делови од Скопје вечерва се зафатени од невреме проследено со дожд и грмотевици. Претходно невреме го зафати и Тетово и околината.

Пратениците од опозицијата во дебатата го критикуваа изборот на кандидати за министри, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ ги бранеа политиките предвидени во Програмата на новата влада, но исто така и ги критикуваа политиките на претходната влада на СДСМ.

Од собраниската говорница пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ им порача на премиерот и на идните министри да не заборават на ветувањата од владината Програма, но и на пратениците. Рече дека за сите министри има мислење дека се чесни и луѓе кои ги исполнуваат критериумите на професионален план. Сега останува да се види како ќе работат како менаџери, рече Стојановска, додавајќи дека нема време за грешки.

– За прв пат после 10 избори и реконструкции на влади во изминативе седум години имам можност и чест да зборувам за предлог за Влада и нејзина програма. Одговорноста е една од најбитните компоненти за една личност, за еден народ, за една држава и особено за една власт. Одговорноста значи внимателност, посветеност, сериозност, професионалност, транспарентност, комуникативност, седнување на маса, слушање критики, прифаќање предлози, истакна Стојаноска.

Според неа, народот му дал доверба на ВМЕО-ДПМНЕ и ја казнил, како што кажа, аздисаната власт на ДУИ и СДСМ.

Јованка Тренчевска од СДСМ, пак, смета дека нема нов почеток со стари, како што кажа, корумпирани кадри.

– Очигледно е дека есапот во Белата палата и надвор од неа не е ист, па се измислуваат нови министерства, се распарчуваат постоечки министерства само да се задоволат апетитите на сателитите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Тренчевска, која смета дека реформи со новата влада нема да има.

Тренчевска додаде дека вешт во оваа техника е кандидатот за министер за локална самоуправа и може да го сподели ова искуство со останатите членови на владата. – Кандидатот за министер за транспорт и врски може да сподели своите искуства од кавијар дипломатијата во Азербејџан, кандидатот за министер за одбрана може да го сподели искуство од ЈП за државни патишта, Министерството за транспорт, а Горан Минчев, кандидатот за министер за администрација искуството од директорувањето со СОЗР, рече Транчевска.

Според Тренчевска доаѓаат тешки времиња во однос на родовите прашања. – Од 24 членови на владата три се жени или тоа е 12.5 проценти. Тоа е погубно за жените и за самото општество. Наместо да одиме кон поголемо вклучување на жените во политиката процесите ги враќаме назад, рече таа.

Реплицираа Весна Бедевска од ЗНАМ и Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ги претходните политики и постапки на Тренечвска, како поранешна министерка за труд, кога се во прашање жените и родовите прашања.

Амар Мециновиќ од Левица зборувајќи за составот на новата влада рече дека во неа ги има сите „претходни режими“. За Арбен Таравари рече дека бил дел од владата на Заев, има министри од времето на Груевски, па дури и од времето на Бранко Црвенковски. Побара криминалот и корупцијата да не останат неказнети. Најголемата порака од него, како што кажа е до Министерството за надворешни работи бидејќи „очигледно дека македонската држава е во опасност“.

Седницата за избор на новата Влада треба да заврши до полноќ. Од шеесетина говорници, според информациите од Собранието, за збор се останати седдумина пратеници.

Next Post

Невреме со силен дожд и грмотевици во Скопје

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk