ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни

June 28, 2024 13:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со средби со членовите во Центар, Карпош и Кисела вода продолжија теренските активности на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членовите отворено зборуваат за состојбите, незадоволството и даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Најмногу ги интересира кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.

“Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување.Никој не треба да се „вознемирува“ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред,“ рече Деспотовски.

Членовите во Карпош и Кисела Вода отворено зборуваа за потребата од расчистување со досегашната кадровска политика, изгубената комуникација на општинските и месните организации со партискиот врв и потребата од обединување.„Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години,“ порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“.

Како следни чекори Деспотовски појасни дека програмата Нов почеток, Нов СДСМ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати  за функции, финансиска
независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.

“Оваа програма и предвидените промени по 30.06 ќе бидат интегрирани во идниот Статут на партијата за да не останат само убави желби на хартија. Според планот на активности до крај на летото веќе ќе треба да ги избереме сите нови општински раководства и делегати и потоа да свикаме Конгрес на кој ќе се изгласа новиот Статут,“ појасни Деспотовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Часовниците на Мицкоски бараат да бидат заменити за амбулантно возило

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk