ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ, внатрепартиски: Аврамовска Мандиќ констатира недвосмислена волја на членовите; за Петровска СДСМ е заробена партија; Филипче вети силна опозиција

July 1, 2024 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборно СДСМ

Со освоени 8.474 гласови, од вкупно 12.608 членови на партијата што гласале, Венко Филипче стана новиот претседател на СДСМ.

Заедништво, другарство, почит и отворена комуникација со сите, вети Филипче, како и обединување наспроти личните интереси.

„СДСМ секогаш ја одбирала страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат. Мора да се бориме граѓаните тоа да го препознаат во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ“, рече Филипче во вчерашното обраќање по победата на внатрепартиските избори.

Филипче вети напредна, демократска и модерна партија која ќе биде силна опозиција кон лошите политики на власта, на што честитки дојдоа и од новиот премиер Христијан Мицкоски.

Сепак, сопартијците –кандидати за лидери на партијата, не беа докрај задоволни ниту од начинот на водење на кампањата, ниту од резултатите и текот на внатрепартиските избори.

„Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија“, вели Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана, која ја повлече својата кандидатура сметајќи го целиот процес за фијаско.

„Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистрирале. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес“, изјави вчера Петровска.

Петровска си ја повлече кандидатурата, но освои 172 гласа.

„Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:  Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска и Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?“, реагираше Јован Деспотовски, уште актуелен директор на ТИРЗ кој на внатрепартиските избори вчера  освои 2.800 гласа.

Идеологијата, организациската поставеност на партијата, општественото делување на социјалдемократскиот сојуз, коалициониот капацитет и меѓународната соработка, кои беа клучни за Александар Бајдевски, како кандидат за лидер на СДСМ освоија само 868.

СДСМ има 83.000 челнови, за внатрепартиските избори се пријавиле да гласаат 23.000, а вкупната излезност беше 12.800 членови.

Постизборно СДСМ

До Централната изборна комисија пристигнал само еден приговор, а прегласување нема да има, иако се обработени 95% од гласовите.

„Волјата на членовите на СДСМ е јасно и недвосмислено изразена. Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера“, е заклучокот на Комисијата што денеска на прес-конференција го соопшти Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателката на Централната изборна комисија.

„Одзивот и излезноста на членовите, претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно Правилникот и Статутот на СДСМ оној кандидат којшто освоил над 50% од гласовите на излезените членови“, додаде Мандиќ.

Б. Ј. / Цивил Медиа

Tags: внатрепартиски изборирезултатиСДСМ
Next Post
Исмаил Кадаре, албански книжевник фотографија/ Politiko.al

Замина Исмаил Кадаре, гениј на пишаниот збор, оставајќи трајно уметничко и спиритуално богатство за Албанија, Балканот и светот

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk