Норвешка ќе донира шест борбени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешкиот весник „Верденс ганг“, цитирајќи го норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре на самитот на НАТО во Вашингтон.
„Способноста на Украина да се одбрани од воздушни напади е апсолутно клучна во нејзината одбранбена борба против Русија, па Норвешка одлучи да донира шест ловци Ф-16 на Украина“, рече Гар Стјоре на самитот.
Тој ја објави донацијата за прв пат кога го посети Киев минатиот август.
Како што објави весникот, Данска и подарила на Украина 19 борбени авиони, Холандија ветила 24, додека Белгија неодамна објави дека ќе донира 30 авиони.
Мал број украински пилоти моментално ја завршуваат обуката за пилоти Ф-16 во Данска.