ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ховениер: САД се загрижени поради одредени одлуки на Владата на Курти

July 15, 2024 15:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, рече дека посветеноста на САД кон народот на Косово е „силна и железна како и секогаш“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција за време на престојот во Ѓаковица, Ховениер истакна дека не е тајна оти американската влада, заедно со други партнери, имаат одредена загриженост за некои од политичките одлуки на Владата на Албин Курти.

– Ќе го кажам тоа што отсекогаш сум го кажувал. Посветеноста на САД кон народот на Косово е силна и железна како и секогаш. Затоа сум денеска овде во Ѓаковица. Но, тоа не значи дека се согласуваме со секое решение донесено од секоја влада на Косово. И веќе не е тајна дека мојата влада, заедно со некои од партнерите со кои работиме, имаат одредена загриженост за некои политички решенија што ги донесе Владата на Курти и кои го спречуваат она што сакаме да го постигнеме за Косово, рече Ховениер, додавајќи дека се надева оти соработката во иднина ќе биде што поблиска за „кога има тешки прашања да се најдат можности полесно да се оди напред“.

Ховениер зборуваше и за законите кои неодамна беа одобрени во Собранието на Косово, конкретно за Законот за Независната комисија за медиуми (КПМ) и оној за Обвинителскиот совет на Косово (КПК), а кои наидоа на остри критики, како од домашните експерти, така и од претставниците на меѓунаордната заедница.

Тој рече дека владата на САД го советува Косово законите што ги усвојува Собранието на Косово да бидат во согласност со европските норми.

Американскиот дипломат изјави дека по усвојувањето на законите за КПК и КПМ разговарал со владини претставници.

– Имав можност да разговарам со владини претставници. Разбирам дека има силни чувства за тоа дали законите се во согласност со европските норми или не. Наш совет е да се погрижиме секое законодавство да е во согласност со европските норми, затоа што природно мислиме дека Косово треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Затоа сметаме дека не е многу паметно да се усвојат овие предлог закони за кои европски организации кажаа дека не се во согласност со европските норми, додаде Ховениер.

Next Post

Министерот Ристовски: Нова фирма ќе го гради затворениот базен во Охрид, ќе правиме ревизија

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk