ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонецот претворен во вморон е свиња која чека да проба од сопствените чварки

July 21, 2024 11:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Тешко е без срам да се следи пропаѓањето на Македонецот во вморон.

Во национален и човечки фушерај.

Без мака да се гледа претворањето на пристојниот свет во одвратност, на интелектот во сељак, на јунакот во мелодрамски глумец.

На селаните во сељаци, а на градските луѓе во сељачишта.

Сељакот е селанец кој преку гунчето навлекува капут од Вајкики, а сељачиштето капут од Прада.

Додека слуша кај горат шумите, горите…И мисли дека станал интелект.

Со капутот и со дипломата што му ја дал комшијата од селото кој ви меѓувреме станал декан.

И мисли дека од таа позиција може да се занимава со државните и национални дела.

Да разговара со кингови.

И си претседатели.

За светските прашања: климата, Украина, Газа, Тајван, белите мечки,пингвините…

И за тоа како да се унапреди соработката на Нордот, со Кина, на пример.

Неспособноста да го ускладат сејдневието и обичноста со митот, односно апликацијата на митот во секојдневието и самопретставата од позиција на моќ, ги фрла луѓето од власта во светот на смехотворството … Кое може да заврши со голема плачка.

Да ги имаа сочувано увото, носот и видот на обичниот човек, нападот на грчовита смеа би ги предупредил на пируетите на демонизмот.

Што ги вртат и дома и на меѓународната сцена.

Проблемот, меѓутоа, е во тоа што и обичниот човек ја загуби обичноста.

Тој посака да не биде обичен или сам да премине во друга димензија, тој посака да биде горд, да го извадат од обичното македонство и да го направат супериорен Македонец.

Кој ќе има некој врз кој ќе може да ја демонстрира својата супериорност: Албанците, Бугарите итн.

Тој концепт односно таа илузија ги однесе во прегратките на злосторничката инсталација.

Супериорноста што му ја носи вмро е нестварна, таа е лажна и затоа се претвора во инструмент на распаѓањето.

Исто како и лажноста на важни аспекти на македонството како национална кауза.

Лесноверноста на Македонецот, ми се чини, извира од плитката втемеленост.

Ката ќе рече не, никако!

И Љупчо ќе рече- јок!

Арно ама животот ги демантира.

Не стигнавме да се ослободиме од југословенската комоција.

Што беше главан услов за опстанокот и просперитетот на Македонија.

Таа инерција не одведе во глуматање на салонска политика и национална држава, во пропуштање на низа историски моментуми.

Македонскиот национален понтон беше положен на плитко забодени шипови.

Без културен капацитет за граѓанска држава.

Без која пак од неговата национална илузија ќе остане само пепел.

Вмро е замена за тоа и такво македонство.

Понтонот го откачија од шиповите и сега плута.

Благото ветре го носи кон Заливот на коските.

Хахаха!

Македонецот претворен во вморон е свиња која чека да проба од сопствените чварки.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Фото: МИА

Топло и ветровито, попладне локална нестабилност, од вторник пад на температурата

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk