ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо отворање на Албанска академија на науките и уметностите, ДУИ смета дека „тоа е квази општинска „академија“

July 29, 2024 11:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнуваат реакциите од поголемите партии за најата од коалицијата ВЛЕН, за отварање на Албанска академија на науките и уметностите во Северна Македонија.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не прифаќаат паралелна институција на МАНУ, ДУИ смета дека „тоа е квази општинска „академија“.

– МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, соопшуваат од СДСМ.

„Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН? Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат aлбанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа. Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено? Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање. Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници“.

Оттаму истакнуваат дека „како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира“.

„Науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност. Политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет. Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците. Не’ радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија. Науката бара посветеност, напорна работа и високи академски стандарди, кои се основа за постигнување на извонредност и иновации. Само преку строгите критериуми и мерила можеме да осигуриме дека најдобрите и најквалификуваните ќе ги водат нашите научни институции и ќе придонесуваат за нашето општество. Затоа, мораме да ги задржиме високите стандарди и да се осигуриме дека нашата Академија на науки останува репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања. Ќе ги адресираме сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ за најавата од ВЛЕН за Албанска академиjа на наука и уметност во Северна Македонија, вели дека  „тоа е квази општинска „академија“ која ги срами интелектуалците и нацијата“

– И ова се случи, во екот на серијата „еден скандал на ден“ вазалите и слугите на ВМРО ДПМНЕ во главна улога за понижување на албанскиот народ, како нелегитимни учесници, без волја на народот, во моноетничката влада.  За 30 дена нè вратија 30 години назад!, реагираат од ДУИ на најавата од ВЛЕН, за општинска поддршка за формирање Албанска академија за наука и уметност во Северна Македонија

„Во обид да покаже некакви резултати и да го запре слободниот пад кој ја понижува нацијата, Влен ја „основа“ „АКАДЕМИЈАТА“ на науките и уметностите која ќе ја финансираат, замислете, општините, единствен случај во светот, академиско маало. Така се случи со Музејот на слободата, Детскиот театар и десетици други општински импровизации кои служеа за општинска манипулација. Наместо да го преземат претседавањето со Државната академија за наука и Уметност, да создадат простор за повеќе академици, да гласаат за законот што го предложивме додека го блокираа со ВМРО за правична и соодветна застапеност во МАНУ, тие дојдоа до „големата ОПШТИНСКА идеја“ што уште повеќе ги понижува Албанците. Бегајте затоа што ја срамотите нацијата и оставате непоправливи последици! Граѓаните црвенеат од вашиот срам“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН), викендов имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа.

Ј. Ѓ.

Tags: Албанска академија на науките и уметноститеВМРО-ДПМНЕДУИСДСМ
Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Промени во Албанската влада; Уапсен главниот обвинител на Валона; Вилата на Радоичиќ не ги исполнува условите за полициска станица од безбедносни причини

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk