Како што се намалија и скоро и да нема заразени пациенти во Кина, СЗО денес ја прогласи Европа како жариште или „епицентар“ на заразата.
До денес, на светско ниво се евидентирани над 130.000 заразени со вирусот. Најмногу има во Италија, околу 15.000, потоа е Шпанија со 4.334, Германија со 3.156 и Франција со 2.882, според податоците од Универзитетот Џон Хопкинс. Други земји во Европа кои се справуваат со Ковид-19 се Швајцарија со 1.125 случаи, во Шведска има 809 инфицирани, Холандија 804, а Данска 788.
СЗО во средата прогласи пандемија на Ковид-19, со оглед на тоа дека корона вирусот брзо се шири низ светот, од Азија до Европа, Средниот Исток и сега веќе и во САД.
– Европа сега стана „епицентар“ на пандемијата, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција. Тој нагласи дека потврдените над 5.000 смртни случаи низ целиот свет претставуваат „трагичен знак“ во ширењето на болеста.
Кина веќе испрати медицинска помош во Италија, како и доктори кои ќе им помогаат во справување со настанатата ситуација.
Извор: CNBC
A. Н. Стојчевски







































































































