ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски сака кризна состојба или одложување на изборите

Кога Мицкоски сфати дека системот функционира, излезе да предложи кризна состојба. Ако е неопходна таква одлука, тогаш во државата има кој да го сугерира тоа. Сигурно здравствените власти будно го следат трендот на ширење на вирусот и во даден момент проценуваат кои мерки да се преземат. Мицкоски ни оддалеку не е адресата на која треба да се потпре државата за да се справи со коронавирусот.

March 13, 2020 19:02
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски конечно се сети дека е неопходно опозицијата конструктивно да се  однесува во време на кризна ситуација, како актуелната со коронавирусот. Но зошто Мицкоски задоцни со предлозите, или пак му требаше време да смисли „револуционерна идеја“ да се прогласи кризна ситуација? А во меѓувреме, наспроти сите мерки за заштита од ширењето на коронавирусот што ги воведе Владата, тој организира јавен настан за претставување на својата кандидатска листа, изложувајќи ги сите присутни на сериозен ризик.

Се поставува прашањето, дали кризната ситуација, за која се освести Мицкоски, ќе му донесе олеснување ако заврши со одложување на изборите? Работава, само нека е криза, па макар и со коронавирусот…

ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад повикува на одговорност кај власта, па дури и се заканува со кривични пријави, а како аргумент го користи наводното непреземање мерки за заштита од вирусот, односно дека власта задоцнила со мерките. Иако реалноста е дека, додека власта го мобилизираше системот, опозицијата критикуваше за состојбата, но постојано пукаше во празно.

На крајот, кога Мицкоски сфати дека системот функционира, излезе да предложи кризна состојба. Ако е неопходна таква одлука, тогаш во државата има кој да го сугерира тоа. Сигурно здравствените власти будно го следат трендот на ширење на вирусот и во даден момент проценуваат кои мерки да се преземат. Мицкоски ни оддалеку не е адресата на која треба да се потпре државата за да се справи со коронавирусот.

Впрочем, токму затоа Владата на неколку дена ја проширува листата со забрани. Почна од јавните собири, па со ограничување на работното време на локалите, па забрани гратис возење на старите во автобуси на ЈСП, а пред сѐ, ги затвори градинките и училиштата. Ако продолжи опасноста од коронавирусот во пошироки размери, сигурно дека експертите ќе предложат нови забрани, а може и да се прогласат некои подрачја за критични па таму да има поригорозни мерки.

Но, кога таквите предлози стигаат од Мицкоски, оној кој мака мачи како да профитира од коронавирусот и да создава лажна перцепција за ситуацијата, јавноста ги сфаќа несериозно, или со крајна намера дека во позадина постои обид за одложување на изборите.

Мицкоски со месеци наназад дава сѐ од себе да ги ескивира изборите, а пред граѓаните сака да покаже дека СДСМ бега од избори. Така беше и есента, така беше и периодов. Колку повеќе Мицкоски зборува дека власта бега од избори, толку власта прави сѐ да ги организира и да ги спроведе во најдобар ред.

Последното договорено помеѓу политичките партии беше дека изборната кампања ќе го смени текот и ќе се фокусира на електронските медиуми, социјалните мрежи и алтернативни методи во преставувањето на изборните програми, но дека за сега нема одложување на изборите. Впрочем тоа е и логично, затоа што има уште цел месец, па оттаму и потребата да не се брза со одлуки, оти никој не може да знае како ќе се развива ситуацијата со вирусот.

FRONTLINE

Tags: ВМРО-ДПМНЕизборикоронавирусМицкоски
Next Post

Донесена е одлука за кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, се затвора ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk