Избор од најдобрите женски тимови во синхронизирано пливање што настапуваат на Олимписките игри во Париз.
1. Неверојатната рутина со која Шпанија го презема водството во екипниот настан во Сихронизирано пливање.
2. Прекрасната техничка рутина на тимот на Кина
3. Сензационалната изведба на рутината на Италијанките.
4. Подводно „месечево одење“ од тимот на САД.
Сихронизираното пливање е воден спорт кој вклучува елементи на пливање, гимнастика и танц.
За време на настапот, поединецот или екипата изведува програма која се состои од низа на ритмички поврзани движења и фигури во вода, и сето тоа во ритам со музика. Настапот го оценуваат судии, чии резултати го одрудуваат пласманот на натпреварувачите. Најчесто на натпреварувањата се изведуваат по две програми, течнички и слободен стил. Постојат две дисциплини: во пар (дует), и во група која се состои од 4-8 натпреварувачки.
Овој многу тежок спорт од натпреварувачите бара сила, одлични пливачки техники, флексибилност, и чувство за ритам и простор, како и способност да се задржи здивот под вода.
Сихронизираното пливање е стандарден олимписки спорт од Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984 година.
Ј. Ѓ.