Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониторира ветинг. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија, реагираат од ДУИ.
„Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, совклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правдаи доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“, се наведува во соопштението од ДУИ.