ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

September 5, 2024 18:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во делот на енергетиката разговаравме за изградба на интерконектор или гасно поврзување меѓу Македонија и Србија што треба да следи после гасното поврзување или интерконекторот меѓу Македонија и Грција, изјави заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски, по средбата во Белград со  српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-На тој начин ќе се изгради целокупен гасовод кој што ќе оди од Грција преку Македонија и Србија до Унгарија, Австрија и Централна Европа и ќе се заврши еден проект кој што генерации политичари пред нас го спомнувале за изградба на гасовод низ Македонија. Со тоа Македонија ќе го заземе централното место во делот на снабдување со гас на Централна Европа, што во услови на криза на Истокот и воена агресија во Украина ќе значи уште повеќе за македонската економија затоа што прво ќе може снабдувањето со гас во Македонија да се диверзифицира и да имаме три или четири извори на гас, а не само еден. Второ многу поважно е низ Македонија да оди транзит гас кој што ќе оди до големите европски држави со што македонското стопанство ќе наплаќа транзит и ќе остварува големи приходи, а стратешки Македонија ќе ја постави на мапата да не биде избегнувана и од една страна каде што некои други влади сакаа Македонија да ја направат слепо  црево во делот на инфраструктурата и во делот на поврзувањето, ние сакаме да ја направиме центар во поврзувањето, изјави Николоски во Белград.

Според него, „клучниот гасовод кој што оди до Централна Европа, изградба на брза пруга со 200 километри на час што исто така оди до Централна Европа, завршување на Коридор 8 во делот на автопатско поврзување со Бугарија и Албанија и во перспектива и железничко, како и изградба на мултимодуларен комплекс кај Трубарево каде што треба да изградиме пристаниште на суво како што се нарекува, каде што треба да се претовара целата роба која што ќе доаѓа од солунското, драчкото и атинското пристаниште, мислам дека македонската економија во следните 10-15 години ќе ја стави во центарот на Балканот, што е наша основна задача, да ја покренеме Македонија, луѓе да доаѓаат во Македонија а не да си одат,  да има повеќе работни места и да има добро платени работни места“.

Николоски дводневната посета на Белград ја оцени како успешна. Посочи дека се очекува посета на премиерот Вучевиќ во Македонија на крајот на септември или почетокот на октомври, до крајот на годината ќе има заедничка седница на двете влади, а од следната година ќе има по две заеднички седници на влади.

На новинарско прашање за изградба на брзата пруга, министерот Николоски одговори дека тоа е еден од неговите први приоритети.

– Нашата цел е во многу брзо време да ја испроектираме и да ја изградиме брзата пруга, не сакам да давам рокови но ако успееме во рамки на извесните два мандати кои што ќе ги има оваа оваа влада, зашто да нема и три, ќе е одлична работа за Македонија. Некаде таму помеѓу 2030 и 2032 година да имаме функционална брза пруга со 200 кm на час што ќе значи препород за цела Македонија, истакна Николоски.

Tags: гасен интерконекторНиколоски
Next Post

12 годишно дете заболело од мали сипаници, втор случај во државава

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk