Пишува: ЕЛИ ПЕШЕВА
После овој негламурозен огномет за славеничката, а и за поклоните да не се сведат на честитка со празно плико, да се потсетиме, дека патриотизмот е:
– разбирањето дека Македонија е држава, а не комшијата од први, и нема да ве чуе кога ѝ се извинувате или обраќате за тоа каква треба да биде/остане;
– Вие/ние сме Македонија.
Сосе ѓубрето што го фрлате и се правите дека не го гледате.
Со толерирањето на секаков хаос во сите сфери, со корупција и непочитување на закони, прописи, начела, етика и обични принципи на давање за да добиеш љубов.
Со ц-цкање утре кога ќе доаѓате по пачворк автопати и улици до дома, без разлика од која страна да влезете (да, и преку Косово).
Со тивкото оправдување дека „никад не било полошо“, ама ете секогаш може „сешто да се деси“.
Со миење од лична одговорност почесто од миење на градски улици.
Да не редам, знаете фино на што мислам.
Љубов кон државата е во суштина многу работа, а помалку муабет со празни флоскули.
А да, патриотизам е да се казнува за да се заштити заедничкото и да се удри клоцата на надлежните кои се секогаш ненадлежни за тоа што состојбата е полоша отколку еден обичен ден во Кабул.
Со извинение на Авганистан, ако во меѓувреме и тие нѐ претркале.
Извор: ФБ објава







