ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ахмети со „кекси“ кај Мицкоски, средба во служба на политичките наративи на двете партии или нешто повеќе

September 11, 2024 12:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Архивска фотографија од 2021 година

Архивска фотографија од 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, призна дека се сретнал со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

– Да, се сретнав со господинот Али Ахмети. Го пренесов моето незадоволство со дел од ДУИ, тој ги спомна неговите забелешки и слично, изјави Мицкоски во синоќешното интервју за Алсат.

„Фронтлајн“ од партиски извори во ДУИ дознава дека средбата меѓу Мицкоски и Ахмети се одржала во Скопје на барање на премиерот Мицкоски.

Според истите извори, Ахмети на средбата го изразил своето незадоволство од, како што вели нашиот извор, институционалната деградација на Албанците и прегазувањето на легитимитетот на Албанците изразен со гласањето на последните парламентарни избори.

Ахмети на средбата говорел и за потребата од изгласување на закон со кој јасно ќе се дефинира која од албанските партии ќе ги претставува Албанците во Владата, а се разговарало и за уставните измени.

Од друга страна, Мицкоски, пак, го изразил своето незадоволство од политичките активности на некои експоненти на ДУИ.

Познавачите на политичките збиднувања во земјава средбата Мицкоски-Ахмети ја гледаат како приватна и во служба на наративите и политичките агенди на Ахмети и Мицкоски.

– Приватните средби меѓу политичари најчесто не се новост, а често се случуваат надвор од очите на јавноста. Во ова време кога владее голема тензија меѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, се чини дека мотивите за објавување на ваква приватна средба се затоа што служат на наративите и агендите на г. Ахмети но и на г. Мицкоски. Објавувањето на ваква нејавна средба – служи за одржување на членството на ДУИ во „кондиција“, давајќи им надеж дека партијата наскоро може да се врати на власт. Ова е од суштинско значење за мобилизирање на базата на партијата, особено во период кога ДУИ е во опозиција, позиција во која не е навикната и во која нејзината база може да се деморализира бидејќи не е на власт, , изјави политичкиот аналитичар Бесим Небиу за „Фронтлајн“.

Според него, создавањето наратив каде ДУИ се смета за сè уште активна и релевантна на политичката сцена помага да се задржи мотивацијата на членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека враќањето во владата е остварлива цел.

Поранешниот градоначалник на општина Желино и политички аналитичар Ќенан Алиу вели дека ваквите средби иако се нормални во политиката, треба да бидат потранспарентни за јавноста.

– Ваквите средби се нормални во политиката. Тој како премиер мора да кохабитира и со опозицијата за одредени прашања. Можно е да се сретнале не само еднаш туку двапати, па нели им требаше поддршка за законот за реструктуирање на владата и за измените на законот за локална самоуправа за да не се оди на предвремени избори во три општини. Можеби она што се разговара на овие средби треба да биде потранспарентно и подетално, но добро се вели дека во политиката има работи што се прават, а не се кажуваат и работи што се кажуваат и никогаш не се прават, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

По победата на ВМРО ДПМНЕ на последните парламентарни избори, Мицкоски на прес-конференција изјави дека „време е ДУИ да одат во опозиција“. На граѓаните во предизборната кампања им вети дека ќе има и одговорност за функционерите на ДУИ.

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети во текот на изборната кампањата на митинг од скопскиот плоѓтад и порача Мицкоски дека бил пораснат со гурабии и кекси и дека е уште е млад и устата млеко му вадела.

Дестан Јонузи

Tags: Али АхметиБесим НебиуВМРО-ДПМНЕДУИХристијан Мицкоски
Next Post

Протест пред полициската станица во Косовска Митровица поради апсењето на четворицата српски младинци

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk