Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Силјановска се однесува во политиката како кокошка во Музеј за современата уметност.
Сум гледал како кокошката со едното око ќе го погледне Пикасо и ќе се исере на мермерот како што сере и на гумното, но свеста дека не може така да се празни, не ја прави Гордана пристојна и достојна на политичкиот контекст, туку ја фрла во несигурност, смотаност и карикатуралност.
Некој потсвесен импулс ѝ кажува дека таа не е за тука, дека другите тоа го забележуваат и дека таа дисхармонија со амбиентот, со себе и со луѓето, не може да ја надмине со форсирана добродушност, со цупкањето како скокање на самата себе како туѓо тело на некој собир, со обесената поза, со очите кои бегаат во страна заедно со главата и со говорот кој има за цел да сокрие колку таа, всушност, не знае, со фрази и доктринарности кои се за семинари, а не за политички разговори или се само како алиби.
Првиот проблем на првата дама е одлепеноста од стварноста на политиката и на животот.
Таа е како морска желка која сака да ги снесе јајцата на некое дрво каде што има кукавичко гнездо.
Сака да ја скокне плажата и ситниот песок.
Таа ја игнорира стварноста како фактичка и морална наказа врз Македонија.
Која ја доживува како жртва.
На Албанците, на Европа и на светот, а еве сега и на Бугарите.
И на социјалдемократите, оф корс.
Но, во настојувањето да создаде нова, поубава стварност, таа останува на позицијата која што ја смета за морално супериорна и правно издржана, а од тоа тесто торта не се прави.
Тоа е плачење по детството на една држава која во меѓувреме крахираше и правно и морално.
Освен тоа, Македонија ја смени внатрешната структура која ги спушти ексклузивните капацитети на македонската етничка компонента.
Се смени и геополитичкиот контекст и на државата и на регионот.
Тие две работи драматично ја променија Македонија со тоа што свеста на Македонците драматично заостануваше зад тие промени.
Таков е случајот и со претседателката.
Тој судир на една во суштина нова држава и инсистирањето на нејзиното детство, прави од претседателката многу забавна фигура за оние кои не се плашат дека со таков пристап за половина година може да нанесе поголема штета од хорхе во двата мандата.
Третиот проблем е нејзиното окружување од неверојатни тапоглави типови кои ја сервисираат како да се од академијата на мистер Бин.
Неверојатно.
Тие се полоши решенија отколку кога јас кога би правел весник, би ги зел Герота, Младенчота и уште некој полноглавец за советници уредници.
Да не говориме за важниот аспект на појавноста како дел од протоколот, а за кој или никој не се грижи или се грижи да ја исмее. Претседателката на Нашата земја.
Претседателката својата функција во голем дел ја извршува низ ритуали, разни пригодности и слично и многу е важно во тие случаи сите детали да бидат предвидени. Нијансите на боите, аголот од кој ќе биде снимена, изјавата и сл. Сѐ што досега има направено, вклучително и скандалозната посета на Софија (не само поради отсуството на македонското знаме кое, Спасов тоа убаво го објасни, го немало поради приватноста на посетата) е парада на невкусот, неукоста и срамот за целата нација.
Таа е инструмент на една злосторничка инсталација.
Можеби нејзините надежи биле поинакви, но јас ја уверувам дека ќе направи добро за себе и за земјата ако земе нешто да прочита.
Јас би се повлекол.
Но, бидејќи од неа не очекувам такво нешто, спремен сум да ѝ испратам неколку книги.
Да спасиме што може да се спаси.