ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Седум книги од регионот го добија овогодинешното признание „Штефица Цвек“.

September 16, 2024 13:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Регионалната книжевна заедница номинираше 153 наслови за овогодинешната, трета по ред „Штефица Цвек“. Низ неколку кругови на жирирање изборот на крајот се сведе на 7 добитнички изданија! Наместо да избере само еден победник, „Штефица Цвек“ го слави колективното влијание на овие дела кои ги предизвикуваат конвенциите, поттикнуваат критичка мисла и нудат нов поглед на горливите прашања на нашето време. За конечниот книжевен избор, именуван според хероината на феминистичкиот класик на Дубравка Угрешиќ, одлучуваа членките на жири-комисијата: Маја Абаџија (Босна и Херцеговина), Дара Шљукиќ (Србија) и Мања Величковска (С. Македонија). Првиот круг на жирито го сочинуваа Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ.

„Веруваме дека книгите кои ги бираме ги поместуваат границите на современата книжевност на поранешните југословенски простори и создаваат нови светови во кои отпорот и надежта се повторно можни. Сите овие дела се неопхопдни и сите го заслужуваат вашето внимание бидејќи продолжуваат да инспирираат дијалог и да поттикнуваат промени“, наведено е во соопштението на жири-комисијата.

Така, со признанието „Штефица Цвек“ награден е романот „Стрвинари старог свијета“ на Теа Тулиќ (Oceanmore, 2023) меланхолична и топла приказна за тричлено, а потоа двочлено, семејство кое живее на хрватското приморје, на преминот од осумдесеттите до денес. Се работи за ретко успешен роман, на ниво на јазик, тон, композиција, карактеризација на ликовите, приказот на односите меѓу ликовите, па дури и во градењето на заплетот.

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска (ТРИ, 2023) ја добива заслугата за маестрално спојување на геополитичките тензии со сложените семејни динамики. Истражувајќи ги актуелните проблеми предизвикани од војните, окупациските политики и неоколонијализмите, романот е еден од ретките примери на слоевит книжевен квалитет.

Дебитантскиот роман на авторката Ева Симчиќ „Четири лакта унутра“ (V.B.Z., 2023) плени со автентичноста на нејзината емигрантска приказна, забележува жири-комисијата. Трагајќи по прескапи станови за изнјамување, помеѓу чудни познаници, во ходниците на чекалните или во безбедноста на спомените, нараторката сфаќа дека мора да помине долг и болен пат за да разбере дека нејзиниот лек и дом се во неа самата.

„Куќа се није мрднула“ на Јелена Анѓеловска (Партизанска книга, 2023) е поетско- драмска и прозна стихозбирка, во која песните „се случуваат“ на покриви од згради, во куќи и во бегалски станови. Збирката ја обработува темата на куќата низ бегалското искуство, губењето на домот, потстанарскиот живот, наследувањето имот и во сигурната куќа на една лезбејска организација. Успехот на оваа книга се отсликува во обработувањето на војните и на различните форми на насилство на трогателен, но паметен начин, без патос и патетика.

„Во хаосот радост“ на Калиа Димитрова (самиздата, 2023) е книга која се истакнува поради храбрата духовитост, непретенциозната циничност и умешноста во пронаоѓањето радост во тесногледата култура на доцнокапиталистичкиот и хетеропапатријархален хаос. Според изјавите на жири-комисијата, поезијата на Димитрова го слави пријателството и избраното семејство, разноликоста на квир световите, и сето она што прави да чувствуваме спокој и радост во нашиот мал и потребен интимен хаос.

Марија Андријашевиќ во книгата „Темељене куќе“ (Фрактура, 2023) постигнува прецизен баланс меѓу експерименталноста и комуникативноста.  Во секој од прозно-поетските

„блокови“ што ја сочинуваат оваа книга доминира самосвесен женски глас кој промислува тема која недоволно се дискутира во локалната книжевност- родовиот аспект на наследувањето имот. Тематската одважност на авторката е поткрепена со внимателно осмислен    концепт    и    возбудлив,    непретенциозен    лирски    исказ.

Овогодинешното признание е доделено и на изданието на групата автор(к)и на книгата

„Жене БиХ за дијецу – илустровано путовање с изузетим женама из прошлости“ (Сарајевски отворени центар, 2023) чија вредност лежи е токму во тоа што, потпирајќи се на богатата традиција на жанрот и учејќи од неа ја покажува неговата широчина и слоевитост. Педагошкиот елемент кој отсекогаш бил присутен во слични книги, овде е експлицитно обмислен и разработен на ниво на прашања, упатства, задачи и информации, Текстовите во оваа книга ја премостуваат границата меѓу историјата и литературата.

Прогласувањето на книжевниот избор се одржа во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина во рамки на Фестивалот за женска уметност и активизам „Пичвајз“. Признанијата на добитничките ќе им бидат врачени во рамки на програмата на Културтрегер/Букса „Ревија на мали книжевности“ во Загреб, во октомври.

Книжевниот избор „Штефица Цвек“ оваа го имплементираа организациите Побуњене Читатељке (Србија), Културтрегер/Букса (Хрватска), Коалиција Маргини (С. Македонија) и Narratorium (Босна и Херцеговина). Овогодинешниот избор го поддржаа Western Balkan Fund, Rekonstrukcija Zenski Fond, La Тerra Nostra и Book & Zvuk.

Tags: „Штефица Цвек“награди
Next Post

Пет македонски фотографи со Групна изложба „5x10“, музички фотографски документи во Утрехт

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk