ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Зоран Иванов за Фронтлајн: Барањата на Мицкоски за „гаранции“ се политичка утка и фрлање прав за да не зачекориме кон ЕУ

September 20, 2024 20:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот аналитичар, новинар, и уредник на Нова ТВ – Зоран Иванов, коментираќи ги последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, пред и за време на посетата на Брисел, вели дека вадењето, оправдувањата со „билатерални спорови“ и бла, бла, е само вадење, оправдувања, фрлање прав само да не зачекориме на ЕУ патот.

– Премиерот како да се амбицирал да ја дисциплинира Вавилонката. Да ја превоспита да си се држи до своите принципи. Но таа тоа и историски и сега никогаш не го правела. Посебно не кон слабите и немоќните. Оттука, таа негова политичка линија е утка. Од незнаење или со намера. Почнувам да се сомневам во второво. Патем, за „гаранции“. Исто така чисто блефирање што ме упатува на втората претпоставка дека оваа влада воопшто не сака да почне да чекори кон ЕУ. Не сака да почне преговори, изјави Иванов за „Фронтлајн“.

Стравот, додава нашиот соговорник, дека Бугарија ќе нè стопирала на патот на преговорите е нереален и од една проста причина што нам на тој пат на располагање ни стојат две моќни алатки.

– Доколку навистина се остваруваат претпоставките на Мицкоски и неговите и Бугарија постојано нешто мрмка и блокира во текот на нашите преговори, посебно за теми кои не се ЕУ теми како историјата, учебниците, јазик, идентитет, а притоа ЕУ тоа само немо би го набљудувала, тогаш ние во секој момент можеме преговорите да ги замрзнеме па и да објавиме дека ги прекинуваме. Па затоа, теоријата на претпоставки дека Бугарија ќе нè блокирала па преговорите не ги почнуваме, воопшто не држи вода. Сепак, како нешто друго да е во прашање, истакна тој.

Земјите од Западен Балкан ѝ припаѓаат на Европа и работиме на тоа, а паралелно, ги доближуваме нивните економии и пазари до нашите, изјави Урсула Фон дер Лајен по средбата со балканските лидери во Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, побара процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања.

„Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“, порача Мицкоски во Брисел.

Поврзано: 

„Билатералните спорови“ на Мицкоски – фрлање прав само да не зачекориме на патот кон ЕУ

Tags: ЕУЗОРАН ИВАНОВСкопјеСофијаХристијан Мицкоски
Next Post

Кој е Ибрахим Акил оперативецот на Хезболах што беше убиен во денешниот напад врз Бејрут

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk