ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: И посакувам многу успех на Албанија, можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на патот кон ЕУ

September 26, 2024 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми. Тој и посака многу успех на соседна Албанија брзо да го заврши преговарачкиот процес и како, што рече, можеби еден ден „нашите патишта повторно ќе се сретнат по таа траекторија кон полноправно членство во ЕУ“.

-Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егизбиционистички прифаќаше се, мафташе со европско знаме додека го ограбруваше сопствениот народ. Гледаме дека состојбата е таква каква што и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски остапки без гаранции да прифаќаме услови, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, по посетата на Фондот за здравствено осигурување.

Нагласи дека сегашната поставеност на работите во однос на нашето членство е диктат и оти тој својот став го пренел и на средбите во Брисел.

-За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш тоа го кажав и во Брисел – не благодарам, тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби, а тоа се оние вредности, кои ги дефинирале Аденауер, Дегаспери и Шуман и затоа ја споделив идејата, ајде да разогвараме, немојте со диктат, не не условувајте со диктат, јас сакам да разговараме колку е потребно да најдеме решение, очигледно сега немаме решение, нагласи Мицкоски.

Повторно се повика на принципот „Pacta sund servanda”, кој како што рече, ако важи за Преспнскиот договор, треба да важи и за Договорот за добрососедство со Бугарија.

– И покрај многуте критики како нова Влада го прифативме Преспанскиот договор и ако тој принцип важи за тој Договор, тогаш ЕУ и Брисел треба да го прифатат „Pacta sund servanda“ и за Договорот за добрососедство, во кој никаде не стои дека услов мора да биде ние да го промениме Уставот. Таму никаде не го пишува тоа, дури пишува и дека Бугарија треба да не поддржува и да ни помага. Кога ние зборуваме за одложено дејство, зборуваме за тоа по успешно завршување на разговорите и ратификација на претпристапниот протокол подготвени сме да прифатиме промена на Уставот и за многумина во Брисел беше што е сега ова, а тоа не е ништо поразлично од Преспнаскиот договор, изјави Мицкоски.

Направи паралела меѓу уставните амандмани за Преспа и додаде дека како што тие во сила влегоа, откако Грција го ратификуваше претпристапниот Протокол за членство во НАТО, тоа да важи и за ЕУ.

-Еве ќе ја завршиме процедурата, имаме 80 пратеници, но амандманите што ќе ги поминеме нека важат и да бидат ефективни кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ, рече Мицкоски.

На прашањето дали унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој од денеска е во посета на земјава и чија држава е актуелен претседавач на Унијата може да помогне во таа насока не даде директен одговор, но напомена дека доста е со примена на двојни стандарди на грбот на земјава и оти сето ова нема врска со европски вредности, нагласувајќи дека преговорите значат јакнење на институциите, збогатување на капацитети.

Во врска со можноста за евентуална дестабилизација кај нас, откако Албанија продолжи понатаму, рече дека такви обиди може да има и доколку не сме раздвоени.

-Ако некој решил да дестабилизира безбедносната состојба во НАТО земја-членка, ние како држава ќе одговориме соодветно. Нема да дозволиме некој ќе ја дестабилизира земјата, рече премиерот.

Tags: АлбанијаЕУМицкоски
Next Post

Клековски го презентираше планот за намалување на долгот на ЈЗУ, со ребалансот ќе биде намален за два милијарди денари

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk