ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КХВ донесе решение со кое потврдува дека преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка е неуспешно

September 27, 2024 16:48
in БИЗНИС, ДЕНЕС

Преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје е неуспешно. Комисијата за хартии од вредност денска донесе решение со кое утврдува дека понудата на Комерцијална банка се преземање на акции од Стопанска банка е неуспешна.

– Ова решение КХВ го донесе откако согласно член 47 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот Комерцијална банка АД Скопје, до Комисијата достави Известување за исходот во кое се наведува дека понудата за преземање била прифатена од 149 сопственици на обични акции со право на глас во Стопанска банка АД Битола, кои поседуваат 176.154 обични акции односно 45,0548 проценти од вкупниот број на издадени акции со право на глас од страна на Стопанска банка АД Битола, со што  утврдениот праг на успешност од 67 проценти плус една акција не е постигнат  и  понудата за преземање на обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје се смета за неуспешна, се наведува во соопштението од КХВ.

Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола. Понудената цена беше 3.200 денари по акција, а прагот на успешност 67 проценти плус една акција од вкупно издадените акции. Рокот за изјаснување на акционерите беше заклучно со 22 септември.

На седницата на КХВ одржана денеска, издадени се 22 дозволи за работење на инвестициски агент. – Дозволата престанува  да важи во моментот кога лицатa ќе го раскинат договорот за продажба на удели со Друштвото ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, со што лицата ќе бидат избришани од регистарот на инвестициски агенти, велат од КХВ.

Next Post

Затвор за британските екоактивистки кои фрлија супа врз „Сончогледите“ на Ван Гог

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk