Бројот на смртни случаи од појавата на новиот коронавирус во северниот италијански регион Ломбардија во текот на изминатиот ден се зголеми на 1.420 од 1.218, соопштија два извора со пристап до податоците.
Бројот на нови случаи во регионот, во кој е вклучен италијанскиот финансиски центар Милано, е зголемен за 1.377 во изминатите 24 часа, што е побавна стапка на раст отколку што беше.
Вкупниот број смртни случаи во Италија ќе биде објавен подоцна во текот на денот.
Вчера, вкупниот број на жртви во Италија изнесуваше 1.809