ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

October 1, 2024 09:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата, политики на застранување од стратешките државни приоритети. За НСДП ова е очекувано, знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во „заробена држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како што ја оставија во 2017 година, соопштуваат од НСДП.

Оттаму истакнуваат дека „за 100 дена нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат големата поддршка која ја добија на изборите“.

„Граѓаните ги прелажаа со еден куп на лажни проекти, лажни реформи и манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо. Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. На граѓаните им ветија враќање на поранешното уставно име на државата и репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со Европската Унија, но од тоа нема ништо, се било една огромна изборна лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Мицкоски за менување на преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел. Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити, ова само покажува дека се поочигледно следува процес на орбанизација во нашата држава. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа. Стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат неискористени многу грантови од Европската Унија, катастрофата што му се случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата, можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу предизвици!“, соопштуваат од НСДП.

Tags: 100 дена владаНСДП
Next Post

МСПДМ: Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2.500 денари

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk