ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Десет објекти затворени зашто не ги почитуваат мерките, инспекции и во аптеките

Основните продукти за заштита од корона вирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли во аптеките низ целата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши

March 17, 2020 12:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Основните продукти за заштита од корона вирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли во аптеките низ целата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според директорот Стојко Пауновски, Пазарниот инспекторат ќе ја спорведе секоја одлука на Владата и ќе врши засилен надзор.

– Сфатете дека сме пазарна економија и дека само оние цени што ги формира државата се ограничени. Затоа, Владата излезе со дополнителни ограничувања на одредни цени. Сепак, оставаме простор да не изгубат и трговците. Гледаме каква е увозната цена и нормално, затоа ги враќаат цените на одредени проозводи со состојбата на 9 март, откако почна кризната ситуација, истакна Пауновски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната средба со дистрибутерите на храна и претставниците на големите супермаркети.

Во врска со непочитувањето на владината одлука за работа на кафетериите, локалите, бурекџилниците, Пауновски информира дека веќе десет објекти се затворени, а предвидени се и казни според Законот за потрошувачи.

-Секој ден е се подобро. Но, некои или се прават дека не слушнале, а некои злоупотребуваат. Затоа е тука Инспекторатот. Сите 130 инспектори, дури и раководителите, се на терен и постапуваат. Ако е кафе за носење, некои седнуваат и во такви ситуаци, нормално, постапуваме. Затоа веќе 10 објекти се затворени. Дел, верувајте, злоупотребуваат. Тоа не можеме да го спречиме, но одиме и онаму каде што ќе затекнеме, постапуваме по одлуката донесена од Владата, потенцира првиот човек на Пазарниот инспекторат, додавајќи дека свеста на граѓаните мора да дојде до израз.

Next Post

Граѓаните и фирмите да користат алтернативни начини на комуникација со АЕК

Shortcut

Најново

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk