ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Албанската опозиција порача дека нема мир без формирање техничка влада, на протестот повредени 10 полицајци

October 8, 2024 09:18
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Генералниот секретар на Демократската партија, Фљамур Нока, по завршување на Националниот протест изјави дека тоа е првиот чекор на граѓанската непослушност и дека од Собранието веќе излегле на улица.

Во изјава за медиумите, од седиштето на ДП, по завршувањето на протестот, во кој беа фрлани молотови коктели кон важни државни институции, меѓу кои и владата, Нока изјави дека државата е во паника и дека граѓанскиот бунт не може да се запре ниту со солзавец, ниту со полиција.

Нока го повтори повикот за техничка влада, сметајќи ја како единствена алтернатива за социјален мир и слободни избори.

-Дајте решение за барањето на граѓаните за создавање техничка влада, во спротивно нема да има мир. Тие денеска разбраа дека битката со граѓаните не се добива со гас, ниту со насилство. Граѓанската непослушност ќе продолжиме се додека не се исполнат нашите барања, изјави Нока.

Учесниците во протестот предизвикаа голема материјална штета, посебно по улиците уништувајќи рекламни паноа, запалија автобуска постојка, а голема штета е причинета и на седиштето на Социјалистичката партија.

Како што соопшти полицијата повредени се 10 полициски службеници а еден од демонстрантите бил зафатен од запалениот молотов коктел, но пожарникарите го спасиле.

Поради блокирани улици и неможноста да стигне до најблиската здравствена установа во автомобилот на својот сопруг се породила жена, која кусо по тоа била прифатена од брза помош која била во близина.

Повредените полицајци и родилката ги посетиле министерот за внатрешни работи, Ервин Хоџа, и генералниот директор на полицијата Илир Прода, кои потврдија дека сите се вон животна опасност.

Протестот, на кој немаше говори, кој се одржа под мотото “Марширање до Тирана-сега или никогаш” почна во 18:30, со задоцнување од половина час од најавата а заврши нешто пред 22 часот.

Tags: Албанијаполицајципротести
Next Post

Заседание на ЕП: Меѓу темите за дебати - кризата на Блискиот Исток, унгарското претседавање, Шенген зоната и Фронтекс

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk