ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Околу 8.000 Италијанци денеска ја прекршиле владината регулатива за корона вирус, бугарски лекари даваат откази

Италијанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 7.890 лица ја прекршиле владината регулатива за коронавирусот, од 172.720 кои беа изложени на проверка.Евидентирано е дека 229 лица дале лажни изјави.

March 17, 2020 17:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 189.761 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив оздравеле 80.885.

Италија – Италијанското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 7.890 лица ја прекршиле владината регулатива за коронавирусот, од 172.720 кои беа изложени на проверка. Евидентирано е дека 229 лица дале лажни изјави.

Бугарија – Во Бугарија има 81 заразен со коронавирусот, изјави денеска на прес-конференција генералот Венцислав Мутафчиски, кој ја предводи Националната оперативна група за корона вирусот.

Во меѓувреме, 85 вработени во Втората градска болница до вчера во 16 часот поднесоа откази. Болницата беше наменета за прием на болни од коронавирусот.

Австрија – Австрија денеска стави под карантин уште четири општини. Со тоа регионите во западниот и јужниот дел на земјата, кон кои е блокиран пристапот заради спречување на ширењето на новиот вирус, достигнаа вкупно седум. На жителите на Лех, Клостер, Варт и Шранкен во провинцијата Ворарлберг во близина на германската граница веќе не им е дозволено да ја напуштат територијата од тие општини до 3 април.

Британија – Главниот советник за наука во британската Влада, Патрик Валанс рече дека во Велика Британија може да има и до 55.000 инфицирани со коронавирусот. – Ќе биде добро ако имаме помалку од 20.000 жртви, рече Валанс, додавајќи дека очекува Владата да ги воведе рестриктивните мерки што вчера ги најави Борис Џонсон за две или три недели.

Бразил – Во Сао Паоло, Бразил, е регистрирана првата жртва од коронавирусот. Оваа јужноамериканска држава пријави 239 заразени со овој вирус. Стотици затвореници избегаа од бразилските затвори еден ден пред избувнувањето на заразата кога им беше укината привилегијата за еднодневен одмор.

– Европа се соочува со „критичен недостиг“ во медицинска опрема, рече доктор Ханс Хенри Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

Шпанија – Шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека во еден дом за стари лица починале 19 лица од корона вирусот.

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот (МИА) 

Next Post

18: Докторите во Дебар позитивни на Ковид-19, виртуелни прошетки по музеи, ДПМНЕ на групна прослава, 10.000 нови лекари во Италија.

Shortcut

Најново

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk