ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали укинувањето на „Балансерот“ може да го уништи етничкиот баланс?

October 10, 2024 14:26
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Укинувањето на „балансерот“ предизвика остри реакции на политичката сцена во Северна Македонија. Демократската унија за интеграција предупредува дека може да дојде до незадоволство кај граѓаните бидејќи се укинува инструмент за вработување, во отсуство на ново решение. Според нив, законот не постои и несериозно е да се зборува за решение кое се уште не постои и да се прекине решение кое во моментов е механизам кој функционирал.

Од партијата на Али Ахмети нагласуваат дека ова оди во прилог на политиката на ВМРО – ДПМНЕ.

Еден од фронтмените на ВРЕДИ, лидерот на Алијансата за Албанците и Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон.

-Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, изјави Таравари.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбер Адеми вели дека за одлуката за укинување на „балансерот“ ДУИ ќе побара „реакција од меѓународната заедница“.

– Оваа одлука претставува директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Декларирањето на етничката припадност е неотуѓиво право и неопходен елемент за да се обезбеди правична застапеност на сите заедници. Преку оваа одлука се удира на принципот на еднаквост. Одлуката за забрана на етничката припадност не е изолиран чекор. Тоа има широки и длабоки последици, вклучително и елиминирање на можноста институциите да го рефлектираат мултиетничкиот состав на нашата држава, рече Адеми.

Тој апелираше до ВЛЕН да го објави во рок од 48 часа механизмот или законот што ќе го донесат наместо „балансерот“.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека Министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува.

„Министерството за јавна администрација не ја коментира одлуката на Уставниот суд, исто како и во првиот случај кога беше донесена времена мерка за стопирање на примената на одредени одредби од два закони кои се однесуваат на јавниот сектор и на административните службеници. Така и сега, Министерството не навлегува во содржината на одлуките туку истите ги спроведува и применува“.

Уставниот суд го укина како противуставно, решението за вработување во јавната администрација по етнички клуч познато како балансер.
Нема повеќе вработувања по етнички клуч. Мнозинството уставни судии одлучија дека, таканаречениот „Балансер“ го повредува уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Одлуката е укинувачка, а не поништувачка, така што сите што досега се вработиле според оваа алатка, остануваат на работа. На законодавецот му се дадени насоки, како понатаму да се нормира прашањето за правична застапеност. Претседателот на Уставниот суд ги отфрли обвинувањата дека со ова судиите укинале право на етничките заедници.

При градењето на одлуката, судиите ги земале ставот и загриженоста во извештајот на Европската комисија и пресудата на Врховниот суд на Америка, и случајот „Студенти за фер прием против Универзитетот Харвард„.

Костадиновски побара од политичарите да ги почитуваат одлуките на судот, а не да ги политизираат и етнизираат. Клучните принципи на правичната застапеност, вели, се нееднаквост во нееднаквоста и нееднаквост во еднаквоста. Со оглед на тоа, кој ќе се примени, двата даваат различни резултати.

За обвинувањата дека одлуката се поклопува со ветувањето од програмата на владејачката партија, дека Балансерот ќе биде укинат, претседателот на Уставниот суд потсети дека иницијативата е поднесена од државен орган, Антикорупциската комисија, во јануари, кога други беа на власт.

Предметот, оформен по иницијатива поднесена од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), ги оспорува член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и член 2 став 1 алинеја 8 и член 3 алинеја 1 во делот „припадност на заедница” од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор.

Според подносителот на иницијативата (ДКСК) со примена на оспорените законски одредби се загрозуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност, соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и други јавни институции и владеењето на правото загарантирани со одредбите во членовите 9, 32 став 1 и 2, 54 став 1, 2 и 3 од Уставот.

Со оспорениот дел „припадност на заедница“ подносителот смета дека се наметнува обврска на кандидатите за административни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница, со што се прекршува уставното загарантирано право на слободно изразување на националната припадност.

Според подносителот, со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место.

Антикорупциската комисија на седницата одржана на 11 јануари годинава одлучи да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преспитување на алатката „балансер“, бидејќи сметаат дека со ова се прават злоупотреби при вработувањата.

Инаку, во државата има 133.000 административни работници (84.000 или 63,15% Македонци, 23.000 или 17,29% Албанци и 26.000 или 19,54% други).

Дестан Јонузи

 

Tags: БалнсервработувањеВредиДУИУставен суд
Next Post

Претставата „Кармен“ на Драмски театар Скопје на фестивал во Бугарија

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk