Повеќе од 230 мигранти се спасени од потонат дрвен брод кај Канарските острови од страна на шпанската крајбрежна стража, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на крајбрежната стража.
Меѓу спасените има три деца и 14 жени.
Околу 32.870 мигранти пристигнале во Шпанија на миграциската рута на западниот Медитеран од Африка кон Европа од јануари до 15 октомври, според владините податоци. Ова е раст од 39,7 отсто во однос на истиот период лани.