ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

October 21, 2024 15:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според обвинението, трите соизвршителки присвоиле пари доверени во службата во износ од 23.133.245 денари со намера да прибават противправна имотна корист.

Како што соопштуваат од обвинителството, трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

– Тие заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари, што претставува значителна имотна корист, стои во соопштението од обвинителството.

Дополнуваат дека две од обвинетите, продавачки на билети на продажните места – билетарници „Зелен пазар“ и ГТЦ уплаќале помалку парични средства наплатени во готово, додека, третата обвинета, самостоен референт-сметководител во Одделение за сметководство-Сектор за финансиско работење  во ЈСП, иако знаела дека паричните средства не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени дејствија без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложил и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

Next Post

Муцунски: Бербок не отфрли можност за дијалог за иницијативи, не треба да се расфрламе со рокови, туку да обезбедиме решение кое ќе ни даде долгорочна сигурност

НАЈНОВО

Скриншот

Кац: Посетите на Црвениот крст на палестински затвореници ја загрозуваат националната безбедност

October 29, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk