– Легитимитетот е многу специфична категорија – која се однесува на оправданостa на определен начин на владеење. Од таа перспектива, како се управува/владее, е една работа, додека легалниот квантум на гласови од друга страна се друга работа. Во таа смисла, сметам дека има јаз меѓу легалната победа и целосната легитимност на начинот на управувањето. Ова особено од аспект на тоа што сè беше ветувано, а што реално се случува, вели Ана Чупеска – универзитетска професорка во изјава за „Фронтлајн“.
Прво, додава таа, многу сум загрижена за европскиот пат на земјата, т.е. заглавеноста и не решавањето на ова клучно прашање за нашата иднина.
– Никој нема легитимитет и не може да има ексклузивно право да го попречува нашиот евроинтеграциски развој. Кога ќе се соопшти решението? До кога ќе чекаме? Второ, јавниот долг расте. Светска Банка минатата недела укажа дека побајаги сме загалавени … погледнете го нивниот наод. Трето, како да постои паралелизам во управувањето, меѓу ВРЕДИ и ВМРО. Постојано се демантираат со изјавите, и со постапувањето. Четврто, скандали има и со именувања на високи раководни функции, секојдневно, како последниот вразан за АНБ. Следствено, одговорноста за која се тврдеше дека ја има во изобилие кај Властите, изгледа заборавена е по пат…, анализира професорката.
Д. Јонузи
Поврзано: