ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воените тајни на Бундесверот продадени на аукција на интернет

Податоците на компјутерот се означени со „Само за службена употреба“ што значи дека станува збор за најниско ниво на тајни.

March 18, 2020 11:29
in ДЕНЕС

Германски истражувачи за безбедност на аукција на интернет за само 90 евра купиле лап-топ користен од Бундесверот, а на кој се наоѓале сите тајни документи за ракетниот систем што го користи германската војска.

Експертите за безбедност од компанијата „Џи Дата“ од Бохум, купиле половен лап-топ на Бундесвер на интернет платформата за аукција на Ибеј.

 

Во компјутерот имало многу документи, вклучувајќи ги и упатствата за тоа како да се уништи системот за воздушна одбрана „Лефлејсис озелот“, пренесува Дојче Веле.

Тоа е движечки ракетен систем за воздушна одбрана, што  првпат инсталиран во 2001 година и се користи и денес.

Системот земја-воздух се користи за брзо реагирање на воздушни закани, за заштита на командните центри и војската во движење.

Податоците на компјутерот се означени со „Само за службена употреба“ што значи дека станува збор за најниско ниво на тајни.

Тим Бергхов, експерт за безбедност кој работи за  „Џи Дата“, истакна дека тоа е лаптоп тежок пет килограми и дизајниран е за теренска употреба.

Брегхов додаде дека уредот најверојатно е направен на почетокот на 2000-та и дека уште работи добро.

– Компјутерот што го купивме соддржи и обемни техничи информации за системот Лефлејсис, вклучувајќи и детални упатства за неговата работа и одржување.  Има и  информации за тоа како се користи системот за спуштање, како и самата платформа за оружје. И секако има упатство за  тоа како да се уништи целиот систем за да не го користат непријателските сили, истакна Брегхоф.

Брегхоф и Александра Штер, програмерка во тимот Џи Дата, направиле детална копија од компјутерот односно хард диск.

– Имаше лесно достапни информации. За пријавување на Виндоус не беше потребна лозинка. Пријавата на програмата што содржи документација на системот за оружје е заштитена со лозинка што лесно може да се погоди. По малите препреки можете слободно да ја прегледате документацијата, додава Брегхов.

Лаптопот го продала фирма за рециклирање од Бинген.

За неделникот Шпигел, кој прв го пријави случајот, германското Министерство за одбрана соопшти дека компанијата за рециклирање е одговорна за уништување на податоците.

-Сите стари компјутери што се користеа за „LeFlaSys“ беа испратени за рециклирање со наредба зачуваните податоци на дисковите да бидат уништени или да бидат неупотребливи, изјави портпаролката на Министерството за одбрана за Шпигел.

Портпаролката додаде дека се претпоставува дека настанала грешка при рециклирање на компјутерот.

Дојче Веле потсетува дека ова не е ваквов прв случај

Во 2019 година, шумар од Горна Баварија пронашол тајни упатства за ракетната артилерија од типот МАРС, кога на аукција федералните власти купиле четири лаптопи.

Next Post

Ивановски: Вонредната состојба трае само 30 дена, треба да се размисли за враќање на Собранието

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Десетици повредени и 37 приведени во протестите синоќа низ Србија

August 15, 2025

Сибиха пред средбата Трамп-Путин: Никакви одлуки во врска со мирот не можат да се донесат без Украина

August 15, 2025

Четириесет и пет уапсени во Вашингтон по одлуката на Трамп за испраќање на Националната гарда

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk