ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Писмата на Али Ахмети – напор на ДУИ да создадат кауза!

October 28, 2024 11:42
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Писмата на лидерот на Демократската Унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети се дел напорите на ДУИ да создадат кауза, во која себе ќе се претстават како бранители на Албанците, ова е проценката на политичките аналитичари за писмата на лидерот на интегративците упатени до високи меѓународни лидери за како што соопштија од Мала Речица, заштита на Охридскиот договор.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека Европскиот Фронт на ДУИ најави протести против Владата уште пред да се формира истата.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

Очигледно, додава тој, ДУИ не може да се помири со сопствената опозициска улога, но како искусна партија знае дека ќе има проблем да артикулира сеалбанска кауза во Македонија имајќи предвид дека половина од Албанците се против ДУИ и Али Ахмети, пред се поради багажот од нивното 20 годишно владеење. Затоа протестите најавени за летниот период никогаш не се одржаа.

– ДУИ изгледа процени дека нема да биде во можност да ги омасови. Во тој контекст, Писмата се дел од тој напор на ДУИ и Ахмети да создадат кауза, во која себе ќе се претстават како бранители на Албанците. Јасно е дека меѓународната заедница во овој период не му пружаа поддршка на Ахмети ниту во приказната за етничкиот легитимитет, ниту во наративот за дестабилизација, но Ахмети е секогаш упорен актер, и знае да создаде ситуации во кои ги диктира дневните политички теми во јавноста- така гледам и на епиздава со писмата, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

За политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, писмото на Али Ахмети е нормална преписка од политичар кој раководи со политички субјект.

Ќенан Алиу

– Сметам дека ова писмо ќе се смета за обично обраќање. Затоа што иако неговата внатрешност содржи некаква загриженост, меѓународниот фактор има акредитирани претставници овде во Република Северна Македонија кои ги информираат за сите дипломатски, политички и безбедносни детали. Загриженоста можеби е природна, но прашањето е каква е всушност политичката реалност, вели Алиу за „Фронтлајн“.

Градоначалникот на Чаир и висок функсионер на Демократското движење на Изет Меџити по писмото на Ахмети вели дека во РСМ не се случило ништо вознемирувачко, само ДУИ отиде во опозиција и Албанците се спасија од неа!

– Во Северна Македонија не се случило ништо вознемирувачко, само дојде до политичка ротација по 22 години и ДУИ замина во опозиција. Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат, реагира Ганиу.

Во објавата на својот фејсбук-профил градоначалникот на Чаир истакнува: Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат: албанските семејства се спасија од казината; албанските општини добиваат милиони евра како поддршка за нивните проекти; албанските универзитети добиваат милиони евра за изградба; учениците-Албанци ги добиваат најновите технолошки уреди, за да учат; пензионерите-Албанци добиваат зголемени пензии; наставниците Албанци добиваат зголемување на платите; кога беше слаба ДУИ – нашата земја стана членка на НАТО!

Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата.

Како што денеска соопштија од ДУИ, писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

Ахмети испратил писма и до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Северна Македонија, кои, како што се посочува, ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, кое е приложено во целост во ова соопштение, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

Дестан Јонузи

Поврзано: 

Али Ахмети со писма до високи меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

Ахмети упатил писмо до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски за неодамнешните одлуки на Уставниот суд

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиАлиуЕУНебиуОхридски договорПисмо

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk