ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Праисториски град во денешна Саудиска Арабија ги открива своите тајни

October 31, 2024 15:36
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Screenshot

Screenshot

Share on FacebookShare on Twitter

Новопронајден град стар околу 4.400 години во денешна Саудиска Арабија открива како животот во третото илјадалетие п.н.е. полека се менувал од номадски во урбан, градски живот, објаснуваат археолозите.

Науката порано сметала дека таа област тогаш била пустина и пустелија низ којашто минувале сточари-преселници, преполна со гробници. Сепак, пред 15 години, кога археолозите откриле бедеми од бронзеното доба во оазата Тајма, северно од Хајбар. Остатоците од градот наречен Ал-Натах, долго време биле неоткриени во заградената оаза – зелена и плодна „точка“ опкружена со пустина во северозападниот дел на Арапскиот Полуостров. На наоѓалиштето првично е откриен антички ѕид долг 14,5 километри, според истражувањето предводено од францускиот археолог Гијом Шарло, објавено претходно оваа година.

Со новите наоди објавени во списанието „ПЛОС уан“ (PLOS One), француско-саудиски тим истражувачи обезбеди „доказ дека овие бедеми се подигнати околу живеалиштата“, како што тврди Шарло.

– Ова „прво големо откритие“ ги поттикна научниците поблиску да ги разгледаат овие оази, вели Шарло… Големиот град имал до 500 жители, а бил изграден околу 2400 г. п.н.е. во раното бронзено време, велат истражувачите. Бил напуштен околу илјада години подоцна – не се знае зошто, изјави археологот.

Ал-Натах е уште еден од низата градови што се развивале во областа Левант долж Средоземното Море, денес од Сирија до Јордан. Но, опстојувал истовремено и со цивилизациите во Месопотамија и Египет, иако бил помал град.

Црните вулкански базалт-карпи и премногу добро ги сокриле ѕидовите на Ал-Натах, така што го заштитиле местото и од недозволиви ископувања, се наведува. Но, погледот од горе открива патеки и темели на куќи, што укажува на нови насоки за ископувањата на археолозите.

– Тие најдоа темели доволно силни за лесно да поддржат барем еднокатни или двокатни згради… Сепак, следи уште многу работа за да се разбере ова место, рече Шарло.

Гробниците во тамошната некропола содржат метално оружје – секири и ками, како и обработени камења. Тоа укажува на релативно напредно општество, а парчињата ќерамика се признак на релативно егалитарна заедница.

– Но, во овие огромни пространства на пустина, се чини, имало друг пат до урбанизација на таквите градови-држави – поскромна, многу побавна и сосем специфична за северозападна Арабија, додаде Шарло.

Висината на бедемот, којашто може да достигне околу пет метри, посочува дека Ал-Натах бил седиште на помоќна власт или првобитна држава.

Утврдените оази можеби биле во контакт една со друга во таа област што сè уште во голема мера населена со скитачко-сточарски племиња. Ваквата поврзаност и размени можеби ги поставиле дури и темелите за „патот на темјанот“ којшто бил главната трговска врска за зачини, темјан и смирна од јужна Арабија до Средоземноморјето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Праисториски градСаудиска Арабија

НАЈНОВО

Петрит Сарачини

„Новото мизерно“ и „новото (не)нормално“

June 12, 2025

Неверојатната истрајност на животот: Екосистеми на морското дно

June 12, 2025
Скриншот

Најмалку 200 луѓе загинаа во авионската несреќа во Индија

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk