ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Приоритет се граѓаните кои немаат престој во трети држави, а сакаат да се вратат дома

МНР е во постојан контакт со нашите граѓани, кои на различни начини се обидуваат од други земји да стигнат во Северна Македонија, а приоритет се македонските граѓани кои немаат престој во трети држави и кои биле таму заради некаква причина и сакаат да се вратат дома, порача денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфренцијата посветена на финализирањето на членството на државата во НАТО

March 18, 2020 16:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

МНР е во постојан контакт со нашите граѓани, кои на различни начини се обидуваат од други земји да стигнат во Северна Македонија, а приоритет се македонските граѓани кои немаат престој во трети држави и кои биле таму заради некаква причина и сакаат да се вратат дома, порача денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конфренцијата посветена на финализирањето на членството на државата во НАТО.

Во врска со граѓаните на Северна Македонија, кои биле затекнати на граничниот премин Хоргош на границата меѓу Унгарија и Србија, Димитров рече дека претходниот ден имало голема група во една тешка ситуација таму.

Во телефонска комуникација со граѓаните изработиле листа и, како што рече министерот, се обиделе да добијат согласност од српските власти да ја поминат Србија и да се вратат дома.

-Не беше возможно тоа во тој момент и алтернативно најдовме решение добивајќи согласност од Романија и од Бугарија овие луѓе да дојдат на тој начин. Не беше организиран, ние немавме присутен човек. Сите информации што ги добива дежурниот тим на МНР се врз основа на информации на граѓани коишто се соочуваат со една таква тешка ситуација. Значи, немаме прецизна бројка, повеќе се темели на впечаток и на вакви непотврдени информации. Не беше организиран конвој во смисла на полициска придружба во Романија. Имаше неколку комбиња, имаше многу автомобили, меѓутоа не беа организирани во колона со придружба. Значи, патувањето се одвивало индивидуално, така што тешко е да се претпостави прво, точно каква е бројката. Ние точната бројка можеме да ја добиеме врз основа на извештаите на граничната полиција на преминот Деве Баир, рече Димитров.

Во врска со граѓаните кои авионски треба да се вратат во земјата, Димитров рече дека до МНР стигнала информација не само за оние од Барселона, туку и за граѓани на земјава, кои треба да слетаат од Копенхаген.

-Дел од луѓето успеаја да се качат на авион за Солун и помагаме превоз од грчката граница за враќање дома. Успеавме вчера една група од 50-ина луѓе од хрватско-српската граница добивме влез од Србија и тие луѓе се движат, можеби и веќе се стигнати во татковината. Со големо внимание бараме начин како да помогнеме на луѓето што се по аеродроми. Имаме актуелен проблем со Малта. Спомнавте Барселона, има и во други места и ќе се обидеме преку ДПК и оваа телефонска комуникација да добиеме попрецизна слика и да најдеме решение што ќе биде прво, помош за нашите граѓани што се во ваква очајна ситуација, пред се, фокус за македонските граѓани коишто немаат престој во трети држави коишто биле таму заради некаква причина и сакаат да се вратат дома. Приоритетни се тие граѓани. И второ, сето тоа да не биде на штета на здравјето на македонскиот народ и сите граѓани во земјава, бидејќи тоа е исто така државен интерес. И меѓу тие две треба да има една рационалност и внимателност, рече Димитров.

Додаде дека властите во земјава имаат контрола врз нашите граници и стапуваат во комуникација со други држави барајќи премин.

-Во моментов Словенија, Хрватска, Австрија се многу проблематични во оваа смисла, бидејќи Србија има ригиден граничен премин за несрпски државјани на кој било државјанин на трети држави, вклучувајќи не и нас. И затоа се она што сме го земале здраво за готово што било многу нормално во смила на – се оди на граница, се покажува патна исправа, се поминува итн., имаме едно целосно нова ситуација предизвикана од ситуацијата со коронавирусот. Дневно се менуваат гранични режими, се затвораат за странски државјани, се откажуваат летови, се затвораат аеродроми. Цела Европа има предизвик на репатријација, не сме тука сами и тоа е едно прашање што е многу важно, рече тој.

Додаде дека во фокусот е и непречено обезбедување на краго транспортот.

-Значи, камиони, професионални возачи и тоа е многу важно – мора да продолжат да циркулира тоа и со тоа постојано се бавиме, рече министерот и повторно апелираше да се патува само во исклучително неодложни ситуации.

-Нема никаква гаранција дека македонските граѓани што денес ќе патуваат каде било во странство ќе можат според нивниот план да се вратат дома. Премногу е непредвидливо, додаде Димитров.

Next Post

Заразени со корона вирус 48 здравствени работници во Грција, а околу 300 се во карантин

НАЈНОВО

Извештај на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија: Сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска: Ќе се борам стандардот 3-33-300 да се воведе и во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk