ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сугарески: Кризата со Ковид 19 е толку голема што ги надминува нашите разлики

Граѓаните кои се трауматизирани од мерките кои ги ограничуваат основните слободи и права како цивилизациска и демократска продобивка, очекуваат од нас политичарите, во овие тешки моменти, да бидеме разумни и да им дадеме верба дека знаеме и умееме да делуваме како една целина токму тогаш кога е најнужно. Јунаците се познаваат на маката! Сите треба да манифестираат највисока национална свест и да се однесуваат во согласност со потребите на ситуацијата!

March 18, 2020 17:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Цивилизацијата се соочува со исклучителен предизвик, да се справи со пандемијата на крајно опасниот вирус Ковид 19, кој е закана за човековото здравје, огромен тест за здравствениот систем, но и потенцијална бомба за целата светската економија, напиша министерот Сугарески.

Нашата земја не е исклучок од оваа глобална криза. Во целата несреќа, среќа е што ние не го потценивме потенцијалот на “vis major” околностите и секојдневно преземаме серија мерки. Денес ја подигнуваме „борбената готовност” на македонското општество на повисок степен.

Вонредната состојба е уставен механизам соодветен за околностите кои се соочуваме. Техничката Влада е ставена во ситуација на крајна нужда заради која мора да добие надлежност да носи уредби со законска сила. Нема време за чекање и одлагања. Треба да се делува. Чувствувам за потребно и јас да упатам апел до политичките фактори во земјата:

Сега не е време за партиски калкулации и ситно дневно политичко профитерство. Кризата е толку голема што ги надминува нашите разлики. Само сплотени со искрена взаемна поддршка можеме да бидеме доволни силни за да ја пребродиме пандемијата.

Стануваме полноправна членка на НАТО Алијансата и затоа имаме уште поголема обврска да се издигнеме на висината на задачата. Граѓаните кои се трауматизирани од мерките кои ги ограничуваат основните слободи и права како цивилизациска и демократска продобивка, очекуваат од нас политичарите, во овие тешки моменти, да бидеме разумни и да им дадеме верба дека знаеме и умееме да делуваме како една целина токму тогаш кога е најнужно. Јунаците се познаваат на маката! Сите треба да манифестираат највисока национална свест и да се однесуваат во согласност со потребите на ситуацијата! Тешко е, веројатно ќе биде уште потешко, но ќе победиме! За доброто на сегашните и за доброто на генерациите кои доаѓаат!

Фејсбук статус на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Next Post

Брегу: Од клучна важност во борбата против КОВИД-19 на Балканот се соработката и коридорите

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk