ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бескаматни кредити, субвенции на придонесите за вработените од 50%, како дел од првиот пакет економски мерки за помош на стопанството

Иако здравјето е пред сè и претставува врвен приоритет во секое општество вклучително и нашето, сепак потребна е подготвеност, голема поддршка и помош од страна на институциите - државата во стопанството

March 19, 2020 10:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија како и светот, се соочува со еден од најголемите предизвици – заштитата на здравјето на сите наши граѓани во борбата против коронавирусот, се вели во соопштението на СДСМ. Во соопштението се истакнуваат економските мерки кои ги презема Владата за да ја олесни положбата на стопанските субјекти кои најмногу се погодени од корона кризата.

„Иако здравјето е пред сè и претставува врвен приоритет во секое општество вклучително и нашето, сепак потребна е подготвеност, голема поддршка и помош од страна на институциите – државата во стопанството.

За таа цел, Владата веќе подготви првични пакет мерки за најзагрозените сектори, како туризмот, угостителството и транспортот, со цел полесно справување со последиците од настанатата состојба поради Корона вирусот.

Првата мерка донесена од Владата се однесува на директна финансиска поддршка на ликвидноста кај микро, мали и средни компании од страна на Македонската банка за поддршка на развојот. При тоа обезбедени се вкупно 5.7 милиони евра со кои ќе се кредитираат директно компании поради неликвидност, односно компании погодени од коронавирусот.

Секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. При тоа, се работи за бескаматни кредити со грејс период 6 месеци, а рокот на отплата до 2 години.

Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати односно субвенционирање на придонесите за вработените до 50% , целта е зачување на секое едно работно место.

Субвенционирањето на придонеси се однесува на месеците април, мај и јуни од 2020 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020 та година, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година до денот на поднесувањето на годишна сметка и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Оваа мерка директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради коронавирусот.

Останати мерки се и намалувањето на основната каматна стапка на Народната банка на ниво од 1,75% која треба да придонесе за натамошно намалување на цената на финансирање на претпријатијата и населението.

Ослободувањето од аконтациите од данок на добивка за фирмите од индустриите погодени од корона кризата за април, мај и јуни кои ќе ја помогнат нивната ликвидност.

Намалување на законски затезната камата за 50% или од 10 на 5% и од 8 на 4%, како и намалување на казнената камата за јавни давачки од 0,03 % на 0,015% односно за 50%.

Министерството за економија пак предлага сите средства кои се предвидени за развој, промоција и поддршка на туризмот да се пренаменат во Фонд за туризам со цел да се обештети туристичката дејност .

Ова се само дел од мерките на Владата на Северна Македонија кои беше одлучено да се спроведат како првични мерки за најзасегнатите сектори,со отворена можност тие да се дополнуваат и воведуваат нови со цел полесно справување со кризната состојба која ја донесе оронавирусот во нашата држава.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија апелира до граѓаните на почитување на досегашните превентивни мерки донесени од Владата на Република Северна Македонија и убедени сме само заедно ќе успееме да ја пребродиме и здравствената и екномската криза.

Заштитувајќи се себеси ги штитиме сите околу нас!“, се вели во соопштението од СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево со мала локална облачност

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk