ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ бара „Епл“ да прекине со дискриминирање на европските потрошувачи врз основа на местото на живеење

November 12, 2024 13:45
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Мрежа за соработка во заштитата на потрошувачите (ЦПЦ) и Европската комисија по заеднички спроведената истрага упатија барање до компанијата „Епл“ да прекине со праксата на ограничувања на пристапот до нејзините онлајн платформи врз основа на географски пристап, со што незаконски ги дискриминираат европските потрошувачи врз основа на нивното место на живеење.

Како што соопшти ЕК, истрагата утврдила „неколку потенцијално забранети практики“ на блокирање на пристапот до „Епл Сторе“, „Епл Аркејд“, „Епл Мјузик“, „ајТјунс Сторе“, „Епл Бокс“ и „Епл Подкастс“ според географски принцип.

Според резултатите од истрагата, потрошувачите се соочуваат со ограничувања бидејќи им е дозволен онлајн пристап само до интерфејсот изработен за земјата каде што ја регистрирале својата сметка на „Епл“, можат да плаќаат само со картички издадени во земјата каде што ја регистрирале нивната сметка на „Епл“ и им е оневозможен пристап до верзија изработена за друга земја, како и преземање апликации што се нудат во други држави.

Регулативата на ЕУ против географски блокади забранува неоправдана дискриминација на клиентите во Унијата врз основа на нивната националност и место на престој или работа, кога сакаат да купат стоки и користат услуги од трговци лоцирани во друга земја членка на блокот. Директивата за услуги, пак, бара општите услови за пристап до услугата да не содржат дискриминаторски одредби кои се однесуваат на националноста или местото на живеење на примателот на услугата, освен ако не се директно оправдани од објективни критериуми.

„Епл“ сега има рок од еден месец да одговори на наодите од истрагата и да предложи мерки за отстранување на идентификуваните практики. Во зависност од одговорот, ќе бидат одредени следните чекори во овој случај. Во меѓу време, националните власти можат да преземат мерки за да обезбедат отстранување на оваа неусогласеност.

Мрежата ЦПЦ ја сочинуваат националните администрации за заштитата на потрошувачите на 27-те земји членки на ЕУ, Норвешка и Исланд. Таа има надлежност да истражува и да презема мерки во врска со прекршување на европската регулатива за заштита на потрошувачите.

Next Post

Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk