ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19

ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.

March 19, 2020 10:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соопшти дека нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните.

Наместо тоа, додаваат во соопштението, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.

– Од почетокот на глобалното ширење на коронавирусот Ковид-19, ФАО соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето, информираат од ФАО.

Оттаму посочуваат дека истрагите да се разбере епидемиологијата на Ковид-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек.

– Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот, се вели во соопштението.

ФАО ја советува јавноста да земе предвид оти во моментов нема докази дека кучињата играат улога во ширењето на COVID-19. Како општа пракса, се наведува во соопштението, при грижата за кој било вид на животни, секогаш мијте ги рацете пред и после комуникација со нив.

– Луѓето не треба да ракуваат, колат, продаваат, подготвуваат или консумираат месо што потекнува од диви или домашни животни кои се болни или кои умреле од непознати причини. Не треба да се консумира сирово месо од дивеч или необработени јадења кои содржат крв од диви животни. Овие практики ги доведуваат луѓето во висок ризик од заразување со бројни инфекции. Било каква невообичаена болест или смрт кај животните треба да се пријави кај надлежните органи за здравјето на животните, потенцираат од ФАО.

Со цел да придонесе за превенција и контрола на ширењето на корона вирусот, ФАО препорачува сите активности да бидат координирани со еден здравствен пристап, односно тесна соработка меѓу експертите за здравјето кај животните, луѓето и животната средина.

– ФАО континуирано ги следи и споделува информациите за состојбата со коронавирусот на глобално ниво и ги координира активностите за превенција, подготвеност и откривање кај животните во соработка со СЗО и ОИЕ, по принципот на единствен здравствен пристап One Health, се наведува во соопштението.

Next Post

Прилепска конфекција ќе изработи 2 милиони бесплатни заштитни маски

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk