ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дескоска: Вонредна состојба не значи забрана за движење, ниту полициски час, ниту затворање на продавници

Од вчера, со прогласувањето вонредна состојба Владата има можност да носи законски одредби. Ако се смири ситуацијата, вонредната состојба може да биде прекината, но во спротивно може да биде и продолжена. Уставот дозволува казнивост по основ на непочитување на мерките од населението. Ограничувањето не се однесува на човековите права и слободи, секој има право на лекарска помош, на право на слободна мисла итн“, истакна Дескоска

March 19, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА

Дескоска на денешната прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски, најпрво им посака побрзо закрепнување на сите и им се заблагодари на сите оние кои се директно вклучени во кризата со која се соочуваме. Таа додаде дека самото прогласување на вонредна состојба не значи забрана за движење, ниту полициски час, ниту затворање на продавници или нешто слично.

„Од вчера, со прогласувањето вонредна состојба Владата има можност да носи законски одредби. Ако се смири ситуацијата, вонредната состојба може да биде прекината, но во спротивно може да биде и продолжена. Уставот дозволува казнивост по основ на непочитување на мерките од населението. Со моментот на прогласување на вонредната состојба важат мерките кои досега се донесени од страна на Владата и тоа не значи автоматско стапување на сила на нови мерки. Практично, исто е како пред воведувањето на вонредна состојба, само сега Владата има поголеми надлежности да се справи со оваа криза. Ограничувањето не се однесува на човековите права и слободи, секој има право на лекарска помош, на право на слободна мисла итн“, истакна Дескоска.

Дескоска апелира сите совесно и одговорно да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство и Владата и додаде дека вонредната состојба е за полесно да се справиме со кризата и Владата да може сега поекспедитивно и навремено да менува законски одредби претходно донесени.

Потребна е емпатија и солидарност, нагласи министерката.

„Гласањето за вонредна состојба беше една од најтешките одлуки кои ги имам донесено во животот, навистина не верував дека некогаш ќе живееме во вонредна состојба“ – рече министерката за правда, Рената Дескоска.

А.Н.С./Ј. Ѓ.

Next Post

Достапни нови шест милиони евра за бескаматни кредити за компаниите

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk