ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: Спорно именувањето на Трпковска во АЕК, власта да ја повлече одлуката, а ДКСК да отвори предмет по допрен глас

November 16, 2024 13:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Уште еден скандал на власта на Мицкоски и ДПМНЕ, уште едно скандалозно ухлебување и груба партизација на АЕК. Сопственичката на фирмата што требаше да ја изгради спорната катна гаража кај Собранието, Анкица Трпковска, власта ја избра да биде член на Комисијата на АЕК (Агенцијата за електронски комуникации)  со надоместок од 2.700 евра месечно, истакна на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Ухлебувањето на Трпковска е спорен од повеќе аспекти, вели Кузеска:

„1.Прво, власта спроведува брутална партизација АЕК, која треба да биде независно тело, и вдомува лица со лични и партиски релации со функционерите од актуелната власт.

Трпковска се уште се води како сопственичка на компанијата што требаше да ја гради спорната катна гаража а избрана е во период кога се подготвува Закон со кој би требало да се обештети нејзината компанија.

На нејзината фирма адвокат и беше Панче Тошковски.

Дали ова не е конфликт на интерес само по себе?

Дали блиските релации на нејзиното најтесно семејство со Панче Тошковски се една од причините зошто е избрана Трпковска? Нема ништо независно.

2.Второ, власта го прекршува Законот за електронски комуникации.

Еве ја биографијата на Трпковска.

Навела дека пред неколку години завршила високо образование по јавна администрација и дека се стекнала и со магистер по правни науки. Што значи нема посебни познавања од областа на електронските комуникации.
Освен ако власта смета дека познавање од областа на електронските комуникации е користење Интернет и Ворд  како што самата
Трпковска напишала во биографијата.

Во член 17 од Законот за електронски комуникации јасно се дефинирани условите, за да биде избран некој член на Комисијата на АЕК мора да има соодветно работно искуство во струката и цитирам „посебни знаење од областа на електронските комуникации“.

Тоа не е случај со Трпчковска и СДСМ изразува сомнеж дали таа воопшто ги исполнува условите и основните критериуми.

Станува збор за целосно некомпетентен човек , без познавање на електронските комуникации, одноставно несоодветен за оваа позиција.

ДПМНЕ и Мицкоски едно ветуваа пред изборите, сега друго прават.

Не само во АЕК, партизацијата со некомпетентни луѓе ДПМНЕ спроведува и во Агенцијата за разузнавање, во МВР, по министерствата, институциите, насекаде. Нема

Со партизација  и ухлебување на блиски до власта Мицкоски и ДПМНЕ ги осакатува институциите.

Или до ова дереџе е дојдена работата или мотивите се сите зделки на власта понатаму во делот на телекомуникациите да бидат под
партиска контрола на ДПМНЕ во АЕК.

Бараме повлекување на ова одлука на Владата и мнозинството, а Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет по допрен глас“, истакна Кузеска.

 

Tags: АЕКАнкица ТрпковскаДКСККузеска
Next Post

Мицкоски: Уставни измени сигурно не планираме, не знам дали е можно да се направи некаков исчекор кон ЕУ до крајот на годинава

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk