ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн настава

Се согласивме во следните денови сите единици во состав на универзитетите да вложат максимални напори за да се воведе одредена форма на онлајн-настава во интерес на нашите студенти и да почне да се реализира од следната недела. Тој начин на настава не е неизводлив и, практично, дел од факултетите веќе го применуваат во регуларниот тек на студиската година, рече министерот за образование и наука

March 19, 2020 14:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Онлајн-настава за студентите  од понеделник треба да организираат сите факултети од државните и од приватните универзитети во земјава поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на корона вирусот.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска имаше средба со  ректорот на УКИМ и претставник на сите државни универзитети,  проф. д-р Никола Јанкуловски, и со проф. д-р Томе Неновски, претседател на Конференцијата на приватни високообразовни установи.

По состанокот на прес-конференција тие соопштија дека универзитетите  се информатички и технички опремени и професорите се подготвени да придонесат за организирање настава на далечина за студентите. Олеснителна околност, рече Адеми, е што, за разлика од основците од пониските одделенија, овде се работи за студенти кои се вешти во користењето на ИТ-уреди и едукативни алатки и апликации.

– Се согласивме во следните денови сите единици во состав на универзитетите да вложат максимални напори за да се воведе одредена форма на онлајн-настава во интерес на нашите студенти и да почне да се реализира од следната недела. Тој начин на настава не е неизводлив и, практично, дел од факултетите веќе го применуваат во регуларниот тек на студиската година, рече министерот за образование и наука.

Ректорот Јанкуловски соопшти дека денеска објавиле дневен ред за вонредна седница на Ректорската управа на УКИМ со подготвен правилник за функционирање на Универзитетот во вакви услови. Рече дека УКИМ уште на 11 март, пред да се прогласи мерката, ја прекинал наставата и веднаш воспоставил далечинско учење за речиси сите програми на единиците на Универзитетот.

-Веќе се во функција неколку видови платформи за далечинско учење. Направен е и распоред за работа на администрацијата која доаѓа на смени, со цел да се намали или да се избегне воопшто контактот помеѓу странките и вработените во администрацијата. Мислам дека на состанокот денеска се најде решение за непречено функционирање на одржувањето, пред сè, на додипломската настава на универзитетите. Се дискутираа евентуалните проблеми што понатаму би произлгле во врска со испитите, но се надевам дека и за тоа ќе најдеме решение, рече Јанкуловски.

Претседателот на Конференцијата на приватни високообразовни установи, проф. Неновски, истакна дека во услови во кои е важно да се заштити здравјето, неопходно е да се воспостави бесконтактен систем со едукативни алатки преку кои студентите ќе учат од дома и дигитално ќе комуницираат со професорите.

Рече дека и на Американ колеџ, каде што предава, исто така донеле одлука за прекин на наставата на 11 март, но дека едукацијата не е прекината.

-На универзитетот втора недела не се одржуваат активности, но во овој период не седевме со скрстени раце, туку презедовме мерки за да обезбедиме непречено одвивање на колоквиумската испитна недела која ќе се одржува од понеденик, а веќе од 30 март може да продолжи и наставата за вториот дел од семестарот, за што користиме исклучително квалитетни алатки, рече Неновски. Додаде дека ова е веројатно почеток на нова ера во организирањето и реализирањето на високообразовната настава во нашата земја.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk