ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи: Еднострано спроведување на нашиот дел од договорот со Србија само во замена за членство на Косово во НАТО

November 21, 2024 12:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Србија, доколку не го исполни својот дел за спроведување на договорот, тогаш како алтернатива тоа треба да биде дискусијата со сојузниците за спроведување на делот што се однесува на Косово, но „само во замена за меѓународни гаранции, кои вклучуваат членство во НАТО и меѓународните организации“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето годишно обраќање пред Собранието на Косово, Османи рече дека за неа, што се однесува до договорот со Србија, „поважен е потписот на претседателот на Америка од потписот на претседателот на Србија“.

„Она што го кажав е дека, прво, спроведувањето на договорот има смисла само доколку го спроведуваат двете страни, а второ, како алтернатива, како претседателка на државата, верувам дека ако конечно се види дека Србија нема го имплементира нејзиниот дел од договорот (што верувам дека нема да го направи, дури и да го потпише), тогаш ќе треба да разговараме со нашите сојузници, за спроведување на нашиот дел само во замена за меѓународни гаранции кои вклучуваат членство во НАТО и меѓународните организации, како и поддршка за нови признавања. Искрено, за мене поважен е потписот на претседателот на Америка од потписот на претседателот на Србија“, рече Османи.

Според неа, дијалогот со Србија, предводен од ЕУ, „за жал, е целосно неурамнотежен со нефер третман на Косово и континуирано потчинување кон Србија“.

„Фактот што денес на преговарачката маса дијалог државата што изврши агресија врз Косово не е под мерки, додека жртвата на оваа агресија Косово е под мерки, е најјасен доказ за тоа“, рече косовската претседателка.

Затоа, смета таа, „императив е да има размислување за овој пристап, од сите оние кои навистина сакаат долгорочен мир и стабилност во нашиот регион“.

Таа рече дека нејзиниот поранешен предлог, нацртот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово да се разговара со САД, „за да не се остави ова прашање на (Мирослав) Лајчак или на другите кои веруваат во независноста на Косово“, тогаш „беше најниско нападнат, со секакви клевети, до обвинувања за национално предавство“.

„А каде сме денес? Ние сме токму во моментот каде што се бара истото – ние да го изработиме нацртот. Но, како што е познато, вистинските одлуки треба да се донесат во вистински момент“, рече Османи.

Next Post

Власта не прифаќа зголемување на минималната плата и 0% ДДВ на храна

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk