ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Неуралинк“ ќе спроведува клинички тестови со вградување чип во човечки мозок во Канада

November 22, 2024 20:54
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН

Компанијата „Неуралинк“ (Neuralink) од САД доби дозвола од властите во Канада да почне со испитувања на луѓе во земјата. Болницата „Вестерн хоспитал“ во Торонто е „првата и ексклузивна локација“ за хируршката процедура со чип. Компанијата сега бара потенцијални учесници во испитувањата.

Според планот, „Неуралинк“ ќе го вгради својот чип „во човечки мозок за да ја проучи активноста на нервите“. Чипот ќе им овозможи на луѓето да контролираат компјутер или паметен телефон со својот мозок без употреба на жици или свои физички движења. „Неуралинк“ вели и дека истражувањето има за цел да ја „процени безбедноста на имплантот и хируршкиот робот“, како и почетната функционалност на мозочно-компјутерскиот интерфејс за да им овозможи на луѓето со параплегија да ги контролираат надворешните уреди со своите мисли.

Ова, според наводите, може да помогне во изнаоѓање побезбедни начини за вградување мозочни чипови, како и во унапредување на технологијата и нејзините способности.

Инаку, во САД, првиот човек – пациент доби чип претходно оваа година. Кај него се јавија проблеми, бидејќи нишките на чипот се извлекуваа од мозокот, но се чини, во мигов и тоа оди добро. Во случајот со вториот пациент, компанијата презеде мерки за да се спречи вакво „откачување“ на чипот. Овој пациент веќе користи софтвер за „Дизајн со помош на компјутер“ (КАД) и почна да го прави тоа само неколку седмици по операцијата во јули.

„Неуралинк“ бара и други пациенти со ограничена или целосна загуба на користењето на двете раце поради повреда на ‘рбетниот мозок или амиотрофична латерална склероза (АЛС) за своето истражување во Канада.

Tags: Неуралинкчипови
Next Post

(ВИДЕО) Глумица со церебрална парализа во првиот свој филм глуми со својата хероина од вистинскиот живот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk